Сите твои секојдневни банкарски трансакции може да дојдат во еден пакет и тоа да те чини помалку од тоа што си плаќал досега како надоместоци за користење банкарски услуги. И најдобро од сѐ е што во еден пакет ги добиваш банкарските производи и услуги кои навистина ти се потребни.
Звучи добро и функционира беспрекорно. Модерното банкарство веќе не завршува само со 24/7 достапни банкарски производи и услуги, туку ти нуди и многу повеќе – банкарски пакет скроен според твоите потреби, желби и можности кои можеш да ги задоволиш брзо, лесно и едноставно во секое време и од секое место.
Токму тоа ти го овозможуваат КБ пакетите, и Zipp пакетот за млади до 29 години, со кои добиваш сѐ што им треба на твоите лични финансии и тоа бесплатно или по пониски цени од редовните. Достапни се онлајн преку мБанка, Интернет банка или со електронска идентификација преку OneID.
Со КБ Стандард ги добиваш најважните банкарски услуги за секој ден:
- платежна сметка во денари и во девизи
- увид, плаќања и бесплатни известувања преку Интернет банка и мБанка
- бесплатни електронски налози кон физички и правни лица со сметки во Комерцијална банка
- бесплатна Visa или Mastercard дебитна картичка
- лесни и брзи плаќања со Apple Pay, Google Pay и Garmin Pay
- до 10 бесплатни проверки на состојба преку банкомат на Банката
- отворање траен налог без надомест
- можност за дозволено пречекорување во висина на две плати
КБ Бонус ти ги овозможува редовните банкарски услуги од стандардниот пакет и плус:
- бесплатна обнова на дебитната картичка и промена на ПИН
- наменско дозволено пречекорување за плаќање на рати без камата со дебитна картичка
- неограничен број проверки на состојба на банкомат на Комерцијална банка
Zipp Club пакетот е нова и возбудлива програма за млади до 29 години и вклучува:
бесплатно дигитално банкарство, платежна сметка и бројни услуги 24/7
бесплатна Zipp Mastercard дебитна картичка
специјални попусти и поволности во голем број продажни места означени како Zipp Spots
поени и други поволности при секое плаќање со BonusBox програмата
бесплатни налози за плаќања кон факултет за партиципација, уписи, потврди и слично
бесплатен 3х1 GB интернет во роаминг годишно
6 пати годишно бесплатен пристап во VIP зони во над 1.500 аеродроми
плаќање со Apple Pay, Google Pay, Garmin Pay;
учество во специјални наградни игри и многу други бенефиции.
Секој пакет може да го активираш онлајн или со едноставно пополнување барање во најблиската експозитура на Комерцијална банка. Доколку немаш сметка во Комерцијална банка, може да ја отвориш онлајн лесно и брзо со електронска идентификација преку OneID.
Избери го КБ пакетот што најмногу ти треба и уживај во модерното банкарство кое целосно ќе се вклопи во твоето секојдневие и во твоите лични финансии.