Нејмар и Бруна Бјанкарди не штедат кога организираат прослави за семејството и пријателите.
33-годишниот фудбалер и неговата 31-годишна партнерка направија луксузна божиќна забава со двете мали ќеркички и најблиските. Дедо Мраз, џуџиња, новогодишни елки, подароци, безброј сијалички и украси ја исполнија салата во која се забавуваа гостите.
Парот позираше со 2-годишната ќеркичка Мави и бебенцето кое го добија во јули оваа година.
„Среќен Божиќ од нашата фамилија до вашата“ – стои во описот на фотографиите и видеото.
Мави си доби бројни подароци со омилените принцези од цртаните филмови.