• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Музика

„Небитен“ е приказна кога прифаќаш дека повеќе не си нечие „сè“ - Симона Поповска со нова песна

19 февруари 2026, 15:57
  • cподели

Симона Поповска го објави својот нов музички проект „Небитен“, емотивна поп-балада која ја раскажува приказната за моментот кога сфаќаме дека сме станале небитни за некој што сè уште ни значи.

Автор на музиката и аранжманот е Панче Касапски, додека текстот е дело на Кристина Зимбакова Маркоски. Песната е во продукција, микс и мастеринг на Дулелуд, во соработка со самата Симона, која учествува и во пратечките вокали.

Видеоспотот се снимаше во планинскиот еко центар Grizzly,  уникатна дестинација на најубавиот видик на езерото Козјак, во продукција на 20TWO Studio, a под режисерската палка на Крсте Шупев. 

„Главниот лик е жена која надворешно изгледа смирено и контролирано облечена во црно, во стаклен простор среде шума. Таа гледа кон светот надвор, но останува затворена во сопствената тишина, стабилна однадвор, а скршена одвнатре.

Во вториот дел од приказната, истата жена е прикажана во стаклена кутија, обвиткана во нежни слоеви, речиси разголена од сопствените заштити , ранлива, искрена и без маска. 

Стиховите „Тажно е што не те ни боли…“ и „Да поверувам, небитен си“ добиваат силна визуелна тежина, претворајќи ја песната во приказна за најтешката битка, прифаќањето дека си станал небитен за некој кој сè уште ти значи.

Во финалето, двете верзии на истата жена се соочуваат лице в лице, допирајќи се преку стакло. Тоа е момент на вистина , прифаќање на болката и сознание дека силата започнува токму кога ќе ја признаеш – појаснуваат од тимот на Симона.

Во спотот, Поповска е облечена во уникатни одела на Сигнори.

Видео

Симона Поповска
Симона Поповска
Tags
Симона Поповска
македонска музика

Најнови

  • Симона Поповска

    „Небитен“ е приказна кога прифаќаш дека повеќе не си нечие „сè“ - Симона Поповска со нова песна

    Thu, 02/19/2026 - 15:57
  • Принцот Ендрју

    Ендрју, братот на принцот Чарлс, уапсен во врска со случајот Епстин

    Thu, 02/19/2026 - 13:44
  • Актерката Ана Стојановска во смел стајлинг од Марков на црвениот тепих на Берлинале

    Thu, 02/19/2026 - 12:33
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.