• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Не сум можел да зборувам, не можев да речам 'мама', но мајка ми е крива што денес зборувам“: Пајак за пречките во говорот

23 јуни 2026, 12:38
  • cподели
Пајак

Само неколку дена по промоцијата на својот дебитантски студиски албум „2000 и некоја“, Христијан Настески, во јавноста препознатлив како Пајак, гостуваше во најновото издание на „Лазаров подкаст“. Во текот на двочасовниот разговор со Стефан, талентираниот музичар се осврна на широк спектар теми кои го обликувале неговиот креативен и животен пат.

Сепак, најдлабоките емоции испливаа на површина кога ова скромно момче од Охрид започна да зборува за своите родители, потенцирајќи дека семејството претставува апсолутен приоритет и темел во неговиот живот.

Тој сподели дека љубовта кон музиката му била всадена од страна на неговиот татко. Присеќавајќи се на заедничките патувања со автомобил исполнети со звуците на легендарните „Битлси“, Пајак истакна дека израснал познавајќи го нивниот целокупен репертоар. Иако неговите музички влијанија биле разновидни, тој откри дека неретко знаел да се затвори во својата соба и од срце да ги пее интимните балади на Џеј.

„Ништо не ми фалело како дете, сум имал прекрасна фамилија и сум бил пресреќен во тој момент, а на едно мало дете може само среќа да му фали, материјално не може ништо да му фали.

Сум имал секогаш внимание од родителите... мајка ми и татко ми работеле по 12 часа, баба ми нѐ чувала и секогаш кога и да дојделе од работа ни посветувале време, посебно мајка ми, ако не сум завршел нешто за на училиште (што стандард не завршував), останувала со мене до еден, два, дури не го научам нештото... исто и со говоров, да не беше мајка ми мислам дека сега јас и ти немаше да правиме муабет...“ - раскажа тој.

Познатиот артист раскажа дека не можел да каже ниту „мама“, а пречките во говорот почнал да ги забележува кога имал 4 години:

„Тие години ми се во магла малку, дали ми се случило од уплав, од страв, не знам... знам само, мама ми има кажувано, дека со татко ми носеле мои роднини во Скопје на аеродром, а јас сум бил дома со баба ми во Охрид, и кога се вратиле не сум можел да зборувам, ама воопшто...“

Тој низ солзи раскажа дека мајка му е заслужна за тоа што почнал да зборува:

„За сѐ ова денес е крива мајка ми, што зборувам вака. Толку многу се трудела жената и се запнала едноставно, да кажам - инает жена, ми вели ,Mе фати инает и мораше да зборуваш и направив сѐ'. Бидејќи јас памтам многу работи, колку сме вежбале навечер, значи неспани вечери сум имал многу и едноставно да не била мајка ми, не знам... поздрав мајче...“ - изјави Пајак, по што многу се расплака и направија пауза за да можат да продолжат со разговорот.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Lazarov Podcast (@lazarovpodcast)

Пајак откри и дека со задоволство ги изненадил неговите родители со летен одмор и дека тие се најсреќни на светот поради тоа што пораснале такви деца, како и дека секогаш го поддржуваат.

„Родителите ви се најбитната работа во животот, тоа ќе го сфатите кога ќе пораснете, бидејќи сега мислите дека ви тресат глупости, а за сѐ се во право. И реално родител никогаш не може да ти мисли лошо, колку и да мислиш дека ти мисли лошо, никогаш не е така, и ќе сфатиш еден ден, ама тоа може да е и касно не дај Боже“ - изјави Пајак, па со Лазаров дадоа предизвик по завршувањето на подкастот, сите да им испратат порака на своите родители дека ги сакаат.

За проблемите со говорот, тој разговарал и со Марко Слаткаристика за кој вели дека му пружил многу голема поддршка и му рекол:

„Во ова стадо на овци, ние сме црните овци, и да се делиме по нешто тоа е добро, тоа е многу моќно.“

Пајак

Пајак откри дека тие години не биле воопшто лесни за дете како него и дека говорната маана е навистина голем предизвик.

„Многу ми биле мачни тие години на школо, со девојче прв пат се среќаваш, не можеш да зборуваш, тоа чувство не се опишува само се доживува или може само да ти каже некој што пелтечи...

Не е само трема или притисок, туку не знам како да опишам, не е ни страв, некогаш сакаш да кажеш нешто, а зборот не излегува од тебе...“ - појасни тој.

Целиот разговор:

Tags
Христијан Настески – Пајак

Најнови

  • Sundance

    Летниот производ од SUNDANCE што сите го бараат: врвна заштита од сонцето за само 349 денари

    Tue, 06/23/2026 - 13:19
  • Пајак

    „Не сум можел да зборувам, не можев да речам 'мама', но мајка ми е крива што денес зборувам“: Пајак за пречките во говорот

    Tue, 06/23/2026 - 12:38
  • „Лилјани“, емоции и солзи: Босанските навивачи се хит на Светското првенство

    Tue, 06/23/2026 - 12:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.