• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Не штитете некој кој треба да е зад решетки“: Сопругата на Андреј од ДНК гневна за шпекулациите и односот од институциите

17 март 2025, 12:44
  • cподели

Наталија Ѓорѓиески за првпат се обрати по смртта на нејзиниот сопруг Андреја Ѓорѓиески – Андреј.

Испровоцирана од дезинформациите и од третманот на службите по огромната трагедија во Кочани, сопругата на пејачот кој го загуби животот спасувајќи други се обрати до јавноста преку пост на Facebook.

Наталија Ѓорѓиески

Таа замоли за сочувство, како и да престанат да се шират дезинформации дека бендот ја донел пиротехниката и побара сите кои се одговорни да завршат зад решетки.

Во овој момент, кој е најтежок за нас, медиумите и државните институции, ме предизвикувате за првпат да се обратам до македонската јавност.

Во текот на вчерашниот ден, по потрага на својот сопруг Андреја Ѓорѓиески, да го најдам во некоја од болниците, на домашна адреса не посетила криминалистичката служба која без објаснување го барала мојот сопруг, во присуство на нашето дете.

Истата служба ме побара телефонски во неколку наврати со НАЈНЕХУМАН однос да дадам информација каде е мојот сопруг со цел да даде изјава за настанот, за што истото прашање го упатив кон нив.

Од медиумите, кои пренесуваат ЛАЖНИ информации, дознале дека сопругот е на домашно лекување, додека тој лежи во болницата во Кочани, мртов.

Ги замолувам сите јавни медиуми да не шират дезинформации на социјалните мрежи.

Ги замолувам и јавните органи да си извршат детален увид за целиот трагичен настан.

Во овој тежок момент за сите нас, ЈАВНО ги замолувам институциите и медиумите да ја почитуваат пред се, нашата приватност.

Лажни објави дека мојот сопруг е на домашно лекување и дека пиротехниката е донесена од страна на бендот, ве молам, НЕ ШТИТЕТЕ НЕКОЈ КОЈ ТРЕБА ДА Е ПОЗАДИ РЕШЕТКИ!

Како сопруга и мајка на малолетно дете, покажете малку сочувство, а така и за поблиското семејство и пријателите...

Андреја Ѓорѓиески – Андреј

Најнови

  • Монтре, Женева, Гештад... Елена Најдоски од „Живот со стил“ со сопругот ужива во Швајцарија

    Sun, 01/11/2026 - 23:00
  • Зоран Кардула

    „Ерато ни отвори еден нов свет во кој нема злоба, нема лаги“: Зоран Кардула отворено за аутизмот на ќерката и специјалната елка

    Sat, 01/10/2026 - 19:15
  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.