• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Не се дишеше овие денови во Македонија“: Моќен статус за лицата од Црвен крст кои помагаа насекаде

24 март 2025, 13:40
  • cподели

Изминативе денови беа најтешките денови во поновата историја на нашата држава.

Додека поради некои личности ја губевме вербата во институциите и човештвото, други ни ја враќаа со својата пожртвуваност и несебичност.

Александра Ристовски, координатор во Црвен крст на град Скопје, напиша моќен статус со кој им се заблагодари на 165-те лица од Црвен крст кои неуморно работеа и помагаа насекаде каде што имаше потреба по трагедијата во Кочани.

Црвен крст

Не се дишеше овие денови во Македонија. Огромен камен нѐ притискаше сите нас. Најтажна пролет за земјата, за семејствата, за мајките, за сестрите, за браќата... за заедницата.

Но, да кажам и да напишам неколку збора за оние 165 кои изминатите денови беа во црвените униформи со знак на Црвен крст. Тие секаде ги гледавме, на извлекување на телата, на идентификација на телата, на носење на облеката на жртвите, на последно збогум во капелата, на погребите, на СОС телефоните, на поделба на водата, на подавање на ќебиња пред болниците, во смирување на семејствата...Тие 165 се и млади и возрасни, и волонтери и професионалци, искусни (каде се добива вакво искуство?) и неискусни, но сепак само луѓе. Дел од нив ги познаваа жртвите и повредените, со некои другарува, со некои растеа, со некои одеа заедно на училиште... верувам дека им било претешко. Некои од нив беа 24 часа на терен. Им ја чувствуваме тежината, притисокот кој го носат, емоциите кои ќе експлодираат... но важно беше да се остане смирен, прибран и достоинствено сѐ да се заврши.

Се завршивте, бевте на ниво на оваа претешка и претажна задача, и ви благодариме во името на сите нас.

Сега е време на тагување по вашите сакани, по вашите другари и другарки. Нека им е лесна земјата на оние кои не се повеќе меѓу нас, а на останатите да се вратат дома, добри и здрави кај своите семејства!

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.