• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Не грижете се, бидете среќни: Денес е Светскиот ден на среќата

20 март 2016, 17:19
  • cподели

“

Кога имав 5 години, мајка ми ми кажуваше дека среќата е клучот до животот. Кога отидов на училиште, ме прашаа што сакам да бидам кога ќе пораснам. Јас напишав „среќен“. Тие ми рекоа дека не ја разбирам задачата, а јас им одговорив дека тие не го разбираат животот.

Џон Ленон

Денес светот по четврти пат го одбележува Меѓународниот ден на среќата.

Среќа

Датумот 20 март беше избран од страна на Обединетите Нации на 28 јуни 2012 година и има за цел да нè потсети дека достигнувањето на среќата е фундаментална цел на секое човечко суштество.

10 чекори до среќата

Среќа
  • Помалку жали се, повеќе цени
  • Помалку гледај, повеќе прави
  • Помалку суди, повеќе прифаќај
  • Помалку плаши се, повеќе обидувај се
  • Помалку зборувај, повеќе слушај
  • Помалку мурти се, повеќе смеј се
  • Помалку консумирај, повеќе креирај
  • Помалку земај, повеќе давај
  • Помалку грижи се, повеќе танцувај
  • Помалку мрази, повеќе сакај

Цитати за среќата

„Илјадници свеќи може да бидат запалени од една единствена свеќа, и животот на свеќата нема да биде скратен. Среќата никогаш не се намалува поради тоа што е споделена.“
Буда

„Среќа е кога она што го мислите, она што го велите и она што го правите се во хармонија.“
Махатма Ганди

„Со секоја минута помината во лутина, губите 60 секунди среќа.“
Ралф Валдо Емерсон

„Ниту еден лек не може да го излечи она што среќата не може.“
Габриел Гарсија Маркес

„Среќата е добро здравје и лошо памтење.“
Ингрид Бергман

„За да бидеме среќни, не треба многу да се грижиме за другите.“
Албер Ками

„Некои луѓе предизвикуваат среќа каде и да одат, други пак кога и да си заминат.“
Оскар Вајлд

„До среќата не може да се отпатува, да биде поседувана, заработена, носена или консумирана. Среќата е духовното искуство да се живее секоја минута со љубов, грациозност и благодарност.“
Денис Вејтли

Среќа
Tags
среќа

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.