„Не беше секогаш лесно, но вредеше за оваа љубов“: Миро и Ивана Кацаров пресреќни со синчето кое полни 6 месеци
Синчето на Миро и Ивана Кацаров наполни 6 месеци.
Македонскиот водител и поранешната одбојкарка споделија слатки фотографии од малиот Тадеј, а во описот напишаа колку љубов им донело родителството.
„Не беше секогаш лесно, но вредеше за оваа љубов“ – сподели Ивана во описот.
На дел од фотографиите, Тадеј се забавува со балон кој е врзан на неговото ноџе, а на едно од видеата лежи покрај неговата сестричка Миа, која Ивана ја има од првиот брак.
Името на бебето „симболизира храбро срце“, како што објасни Ивана во интервју за Фемина.
Миро и Ивана често споделуваат моменти од нивното секојдневие, а нивните следбеници постојано коментираат дека семејството зрачи со љубов и топлина.