• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

NBA ѕвезда со патики дизајнирани од Македонецот Сатја Грабулоски за All Star натпреварот

16 февруари 2026, 12:45
  • cподели

Викендов во Лос Анџелес се одржа најголемиот кошаркарски настан во годината, натпреварот на најдобрите кошаркари од NBA лигата, познат како NBA All Star Weekend.

На All Star натпреварот, еден од најдобрите NBA кошаркари во моментов, Џејлен Браун од Бостон Селтикс, носеше патики дизајнирани од нашиот Сатја Грабулоски и неговото SWithADot студио.

Патиките се изработени по директна комуникација на Грабулоски со Браун, кој самиот ги даде насоките за уникатните патики што ги носеше.

Патики дизајнирани од Македонецот Сатја Грабулоски

Браун ги носеше овие патики и за официјалното фотографирање на играчите пред нивниот настап на All Star викендот.

Џејлен Браун  со патики дизајнирани од Македонецот Сатја Грабулоски
Џејлен Браун со патики дизајнирани од нашиот Сатја Грабулоски

За патиките кои ги изработи за кошаркарот и комуникацијата со него, Грабулоски вели:

„Да соработуваш со еден од најдобрите кошаркари во моментот во светот е уживање - посебно кога се работи и за одличен човек и интелект. Сигурно многу луѓе не знаат, но Џејлен, меѓу другото е и предавач на Универзитетот MIT, па неговата љубов кон бројките и космосот се пресликани во еден пар патики кој ноќеска ги носеше на NBA All Star Weekend. Разговараме и на тема Македонија, па при некоја следна посета на Европа, се надевам ќе го прошетаме низ Скопје“.

Ова не е прва соработка на Грабулоски со луѓе кои се меѓу најзначајните во NBA. Во деловната биографија на SwithADot се запишани и имињата на Шекил О’Нил, Леброн Џејмс, Никола Јокиќ, Јанис Антетокумпо, Двејн Вејд, Ален Ајверсон, Кармело Ентони, Богдан Богдановиќ и многу други.

Џејлен Браун  со патики дизајнирани од Македонецот Сатја Грабулоски
Патики дизајнирани од Македонецот Сатја Грабулоски
Tags
Сатја Грабулоски

Најнови

  • Миланова игра

    Последната желба на Милан Завков оживува на концертот „Миланова игра“ на 27 март во Филхармонија

    Sat, 03/07/2026 - 20:13
  • Наташа Андонова

    Најдобрата македонска голгетерка Наташа Андонова за фудбалот: „Имаше коментари ‘Ова не е за девојчиња’“

    Sat, 03/07/2026 - 17:54
  • Кога рестрикциите создаваат нови проблеми: искуствата од Европа

    Sat, 03/07/2026 - 15:34
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.