• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Наркоманка потполно се трансформира и призна: „Бев чудовиште во секоја смисла“

22 декември 2016, 20:53
  • cподели

Тешко е да се ослободиш од канџите на дрогата, но не е невозможно. Поранешна нарко зависничка преку фотографии „пред и потоа“ ја покажа својата неверојатна трансформација, откако го направи големиот чекор и се откажа од својот порок – дрогата.

Дејжа Хол

Зависноста на Дејжа Хол од Аризона започнала со лекови за болки кога таа имала 17 години. „Се забавував со пријател кога зедов апче за првпат и поради стресот и домашните проблеми, започнав да навлегувам“ – изјавила таа за DailyMail.

„Земав по шест апчиња секој ден до 20-годишна возраст кога сакав да се откажам од нив“ – вели Хол. Таа започнала да посетува клиника за зависници, но по кратко време била избркана.

Дејжа Хол

Тогаш, Дејжа решила сама да се бори против зависноста. Во најтешките моменти кога се откажувала од наркотиците, нејзин пријател ја убедил да проба хероин, велејќи ѝ дека тоа ќе ѝ помогне да ги надмине кризите.

„Кризите од откажувањето беа ужасни и по осум дена физички заслабнав. Не можев да ги мрдам рацете и тоа ме осакатуваше. Постојано повраќав“ – изјавила таа. „Повраќав и се сеќавам дека мојот пријател пушеше хероин. Му кажав дека е одвратно и да престане, но тој ме убедуваше да пробам само еднаш, дека тоа ќе ги запре кризите“ – додала Хол, објаснувајќи како за првпат пробала хероин.

Дејжа Хол Дејжа Хол

Дејжа признала и дека зависноста ја оддалечила од нејзиното семејство. „Бев чудовиште во секоја смисла на зборот. Не се грижев кого ќе повредам – не се грижев за ништо повеќе. Кога започнав да си инјектирам хероин, не се грижев дали ќе живеам или ќе умрам. Се убивав себеси. Бев многу слаба, околу 43 килограми, но сè уште се чувствував убава“ ­– вели таа.

Клучниот момент кога Хол решила дека е време за промена бил денот кога била приведена во полиција за поседување на дрога на 6 декември 2012 година. Тогаш, таа дознала и дека нејзиниот близок дедо е на смртна постела. Пред да почине дедото на Хол, таа му ветила дека никогаш повторно нема да посегне по дрога и си останала достојна на зборот.

Сега, Хол слави четири години без лошиот порок и по тој повод на Facebook ја сподели својата приказна.

Таа има 26 години и е мајка на 18-месечно девојче, а нејзината приказна мотивира стотици лица ширум светот кои минале низ истиот „пекол“ да ја споделат својата сторија.

Дејжа Хол
Tags
стории

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.