„Најубава вест“: Малата и храбра Верче утре си оди дома по последната зрачна терапија и битката со болеста
Понекогаш, најмалите меѓу нас се најголеми херои.
Слатката Верче од Родителската куќа има за што да се радува, бидејќи утре ќе си оди дома кај Мама, Тато и Бато по последната зрачна терапија и битката со болеста.
Оваа најубава вест ја објавија од Здружението САНО од каде споделија фотографии од насмеаното девојче.
1 април е… ама ова не е шега. ❤️
Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителската куќа, ни ја кажа најубава вест! Утре ја има последната зрачна терапија и си оди дома! 🏡
Со мама, тато и бато… таму каде што припаѓа.💛
Дојде моментот кога насмевките се погласни од сè.
Верче, ти си наш херој! 🌟
Ајде другари ! Да ѝ посакаме топло добредојде дома и уште многу здрави, безгрижни денови напред. 🙏
Те сакаат Сановци од Родителската куќа 🏡
*фотографиите биле објавени со одобрение на родител