• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Најрано роденото бебе на светот кое тежело само 285 грама го прослави вториот роденден

7 август 2026, 12:22
  • cподели

Пред две години, целиот свет ја следеше приказната за бебето кое се роди во 21. гестациска недела, тешко едвај 285 грама, а сепак преживеа.

Малиот Неш Кин дојде на овој свет дури 133 дена пред предвидениот термин, а на 5 јули го прослави својот втор роденден со најблиските членови на семејството и пријателите. Неговата мајка Моли признава дека сè уште не може да поверува колку брзо поминало времето.

„Бев толку фокусирана на неговото здравје и на секој нов чекор кој го правеше, што времето едноставно прелета. Не можам да поверувам дека веќе има две години. Изгледа како престојот на интензивна нега да беше вчера, а во исто време како да помина цела вечност“ – вели таа.

Неш помина 6 месеци на одделение за интензивна нега за новороденчиња пред да биде пуштен дома, а на својот прв роденден, беше впишан во Гинисовата книга на рекорди како најпредвреме родено бебе кое преживеало.

Денес, неговата приказна изгледа сосема поинаку. Тежи околу 11,3 килограми, расте според стандардните норми и никој не би претпоставил дека дошол на свет во само 21. недела од бременоста.

„Неш е неверојатен и секој ден нè прави горди. Само ако го погледнете, никогаш не би помислиле дека е роден толку рано“ – раскажува Моли.

Малото момче веќе учи нови зборови и обожава да ги имитира звуците на животните, со што секојдневно ги смее родителите.

Кога Неш се роди во јули 2024 година, лекарите не беа сигурни дека ќе ги преживее првите критични часови. Моли тогаш ги опиша првите денови како „магла од страв, неизвесност и надеж“, но сега, 2 години подоцна, нивното семејство има голема причина за славење.

Еден од најмоќните моменти за Моли била првата прегратка со синчето. 

„Беше толку мал што едвај го чувствував на градите. Беше прекриен со жици и апаратчиња за следење и имав многу трема... но во моментот кога ми го ставија на градите, сите стравови и грижи исчезнаа. Долго време чекав за тој контакт кожа на кожа, да бидам попрецизна точно три недели, и тоа ми донесе истовремено огромно олеснување и љубов“ – рекла таа.

Приказната на Неш продолжува да им дава надеж на илјадници родители ширум светот кои го минуваат истиот трнлив пат.

Tags
предвреме родено бебе

Најнови

  • До 99 денари, а ќе ви се најдат секој ден: 5 производи од dm што заслужуваат внимание, a имаат германски квалитет

    Wed, 09/09/2026 - 20:15
  • „Насмевката кажува сè“: 13-годишно девојче со Даунов синдром и алопеција кое не зборува се радува кога ќе добие нова перика

    Wed, 09/09/2026 - 15:20
  • Снеже Велков во блескав фустан со моќна порака: „Рекоа жена си - биди силна. Одлучив силата да ми е во слабоста“

    Wed, 09/09/2026 - 14:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.