Најопасното селфи: Алпинист без никаква заштитна опрема се искачи на облакодер од 101 кат, сподели селфи фотографии
Алекс Хонолд ги помести границите на човечките можности, откако успешно се искачи на облакодерот „Тајпеј 101“ во Тајван без јаже, без појас и без каква било заштитна опрема.
Американскиот алпинист го направи најопасното селфи на врвот на зградата висока 508 метри. Неговиот подвиг беше следен од насобраната топла луѓе, а беше пренесуван во живо на Netflix.
Зградата „Тајпеј 101“, која го носи името по бројот на катови, е изградена од челик, стакло и бетон. Нејзиниот препознатлив дизајн, инспириран од стебло од бамбус, ја прави една од најиконичните згради во светот.
Хонолд се искачи на врвот за час и половина, а таму го чекаше неговата сопруга Сани со која имаат две деца.