• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Најголемата среќа: Благица и Александар од Штип си заминаа дома со четирите бебенца

30 ноември 2023, 10:40
  • cподели

Благица и Александар Зикови од Штип минатиот месец ја добија најголемата радост. По четири години борба со неплодноста, македонскиот брачен пар доби четири бебенца.

Сега, храбрата четворка во добра здравствена состојба беше испишана од болница.

Од Клиниката за гинекологија и акушерство споделија фотографии од принцеза Леонтина и нејзините тројца браќа Михаил, Теодор и Ведран, кои си заминаа дома со родителите.

Семејство

Прочитајте ја пораката објавена во описот на фотографиите од ГАК:

НАШАТА „ЧЕТВОРКА“ ЈА ИСПРАТИВМЕ ДОМА

Во сигурните раце на мама и на тато, на 29 ноември замина нашата четворка - малата принцеза Леонтина и нејзините тројца браќа Михаил, Теодор и Ведран.

Нашите мали, но големи борци родени во 31 гестациска недела си заминаа во добра состојба по 38 дена поминати на одделението за интензивна нега и терапија.

Михаил е роден со 1170 грама, а дома си замина со 1860 грама. Леонтина е родена со 1100, а ја испративме со 1810 грама. Теодор е роден со 1200 грама, а дома си замина со 1920 грама. Ведран е роден со 1370 грама, а од ОИНТ го испративме дома, во Штип, со 2000 грама.

Докторите и медицинските сестри и акушерки од Клиниката за гинекологија и акушерство на овие мали јунаци им посакуваат среќно детство исполнето со многу здравје, а на среќните родители Благица и Александар полна куќа детска смеа, многу радости и топлина во домот што ќе им ја донесат овие четири мали сонца.

Доктор Елена Ѓоргиевска Николовска, која „на свет“ ги донесе Михаил, Леонтина, Теодор и Ведран вели дека е прекрасно чувството сите четири бебиња заедно да се испратат дома и порача дека за сите кои беа дел од оваа среќна приказна, тоа било огромен предизвик.

Семејство Семејство Семејство Семејство

Благица успеала за зачне со помош на инвитро по 4-годишна борба со неплодноста. За Femina.mk, таа откри дека со сопругот посакувале две дечиња, но дека двете оплодени јајце клетки кои биле пренесени во матката се разделиле на четири ембриони.

„Четири години се боревме со неплодност. Првото инвитро ни беше неуспешно и по две години пак се одлучивме да пробаме. Се решивме да одиме да пробаме надвор од државата. Ја избравме Турција како најдобра држава кога е во прашање здравството. Посакувавме две дечиња близначиња и затоа ни вратија две оплодени јајце клетки, но мајка природа, Господова желба ни подари уште две мали сонциња. Понекогаш потајно си размислував дека можат да се разделат на повеќе ембриончиња, но не бев ни свесна дека ова чудо ќе се случи нас. Како што велат постарите: ‘Ако желбата ти е голема, Господ ти подарува’“ – сподели Благица.

Семејство Семејство Семејство Семејство Семејство
Tags
Штип
Македонија
неплодност
инвитро

Најнови

  • Дејана Бачко со семејството

    Девојката со крилја ќе добие второ дете: Инспиративната Србинка родена без раце објави дека е бремена

    Sat, 02/21/2026 - 17:00
  • Сонуваме Менуваме

    Музичко-театарскиот спектакл „Музичка beat-ка“ доаѓа и пред скопската публика

    Fri, 02/20/2026 - 19:24
  • Peaky Blinders: The Immortal Man

    Томи Шелби се враќа: Трејлерот за филмот „Peaky Blinders: The Immortal Man“

    Fri, 02/20/2026 - 18:03
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.