„На Велигден“ – Џина Папас Џокси со нова верзија и спот за една од најубавите празнични песни
Џина Папас Џокси ги објави спотот и новата верзија на песната „На Велигден“.
Две недели пред големиот христијански празник Велигден, македонскиот пејач го сподели на социјалните мрежи видеозаписот снимен во црквата „Св. Димитрија“ во Скопје.
Музиката и текстот се на Џокси, а за аранжманот се погрижи Тоше Попсимонов.
Нова а капела верзија на „На Велигден“
Почитувани,
По повод 130 години од изградбата на храмот „Св. вмч. Димитриј“ – Скопје, ми претставува особена чест да ви ја преставам новата а капела верзија на песната „На Велигден“, реализирана во соработка со студискиот хор на TFT Production од Канада.
Оваа изведба е создадена како скромен, но искрен придонес кон одбележувањето на значајниот јубилеј – како музичка молитва што ја отсликува духовната димензија на празникот и континуитетот на традицијата низ времето.
Верувам дека песната со својата атмосфера и порака ќе најде свое место во вашите животи, особено во периодот на празничните денови, носејќи чувство на мир, надеж и духовна радост.
Ви благодарам однапред за вниманието и поддршката.
Со почит, Џина Папас Џокси – стои во описот на видеозаписот.