• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

На вечера во волшебната градина на ресторанот Бакал

1 јуни 2015, 14:30
  • cподели

Комерцијален текст

Сакате да избегате од напорното секојдневие? Само на 15 минути од Скопје, во тетовското село Брвеница е сместен ресторанот Бакал. Вистинско уживање за љубителите на убавата природа и добрата храна. Градината на ресторанот е посебно уредена, што остава впечаток како да се наоѓате далеку, на некое скапо егзотично место, за кое досега само сте сонувале, а не дека сте во Македонија.

Амбиентот е надополнет со вештачко езерце од кое се слуша жуборот на водата, кој дава посебен спокој. Од сите страни во комплексот се простира зеленило и хармонија од бои од убавите растенија. Специфични се мирисите на лаванда и алисиум кои максимално ве опуштаат. Ако сте имале напорен ден, нема подобро место за одмор и релаксација.

Ресторан Бакал

Целиот простор нуди максимална интимност, комплетно одделен од сè друго надвор, а црвените ливчиња на фотиниите, разелените липи, расцветани хортензии, и други растенија и цвеќиња од кои некои и за првпат ќе ги видите на ова место создаваат уникатен впечаток и волшебно чувство.

Овде храната е прекрасна и може да ги задоволи и оние најпребирливите. Персоналот е многу љубезен несвојствено за македонски стандарди. Тие ќе ви посакаат добредојде и ќе ве воведат во магијата која се создава во кујната на ресторанот Бакал. Ако сте вистински гурман и љубител на добрата храна, тогаш ги имате сите предуслови за моменти на кои долго ќе се сеќавате. А оттаму ни се нудат неверојатно вкусните јадења подгорче, капама, ѓомлек, но и свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба кои секој ден ги има на мени, величествениот татар бифтек и разни други домашни и интернационални јадења.

Ресторан Бакал Ресторан Бакал

Тука е и домашниот р'жан леб направен од ржано брашно, мелено на камен,без никакви бои и адитиви, како и 90% пченкарен леб исто така од пченка мелена на камен. Храната е толку свежа, подготвена од најквалитетни состојки, што речиси никогаш нема да имате тежина во желудникот, а вкусот на храната ќе остане долго време во вашите спомени.

Посетата на Бакал е одлична можност за да оставите впечаток кај вашиот бизнис партнер, или да ги наградите своите вработени. Со време резервирајте си маса на телефонот 070/28 38 45. А ако сте нестрпливи да го видите менито претходн,о посетете ја страната www.bakal.mk

Ресторан Бакал Ресторан Бакал

Во Бакал се чувствува духот на македонската традиција, нуди топла, домаќинска атмосфера и извонредна храна што ќе го зачини вашето доживување, без разлика дали се работи за бизнис ручек, дружење со пријателите или романтична вечера со партнерот.

„Животот е комбинација од магија и добра храна.“ А тоа го има во ресторанот Бакал.

Ресторан Бакал Ресторан Бакал

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.