• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Музичко-театарскиот спектакл „Музичка beat-ка“ доаѓа и пред скопската публика

20 февруари 2026, 19:24
  • cподели

Новиот музичко-театарски спектакл „Музичка beat-ка“ со омилените ликови од 5+ Фамилија, кој веќе ја освои публиката во Велес и Битола со силни емоции, искрени насмевки и долги аплаузи, доаѓа и во Скопје. Овој уникатен проект се реализира во рамки на кампањата „Сонуваме.Менуваме“, која Стопанска банка ја спроведува седма година по ред, со доследна цел - да ја подигне јавната свест и да придонесе кон поголема инклузија на лицата со попреченост во нашето општество.

Сонуваме Менуваме

Претставата „Музичка beat-ка“ ќе се одигра пред скопската публика на 28 февруари (сабота), на големата сцена на Националната опера и балет (НОБ), со две изведби - во 14 и во 16 часот. Билетите по цена од 250 денари се достапни онлајн и на денот на настанот во билетарницата на НОБ. Но, тоа не е само билет за претстава, туку и билет за поддршка, солидарност и конкретна помош. Секој купен билет е директна донација за проекти на асоцијации кои работат со деца со попреченост, овозможувајќи им подобри услови, нови можности и повеќе причини за радост.

Седум години по ред, преку „Сонуваме.Менуваме“, Банката заедно со граѓаните создава вистинска заедница на добрина преку игра, песна, музика, но и преку донации кои оставаат траен белег. „Музичка beat-ка“ е уште еден чекор во мисијата уметноста да биде мост меѓу различностите и сцена на која секој има свое место.

Спектаклот се реализира во соработка со ОXО продукција, а на сцената заедно настапуваат популарните ликови од „5+ Фамилија“ и нивните другарчиња со попреченост. Тие не се само учесници во претставата, туку рамноправни ѕвезди на сцената, кои преку музика и танц испраќаат силна порака дека различностите не нѐ разделуваат, туку нè збогатуваат. Публиката не сведочи само на уметнички настап, туку на искрена лекција за прифаќање, емпатија и заедништво.

Стопанска банка останува посветена на мисијата да изгради подобар и поправеден свет за сите, свет во кој секое дете има можност да сонува, создава и да биде прифатено без предрасуди. Затоа, оваа претстава е повик за заедничка акција, отворање на срцата и за поддршка таму каде што е најпотребна.

Најнови

  • Сонуваме Менуваме

    Музичко-театарскиот спектакл „Музичка beat-ка“ доаѓа и пред скопската публика

    Fri, 02/20/2026 - 19:24
  • Peaky Blinders: The Immortal Man

    Томи Шелби се враќа: Трејлерот за филмот „Peaky Blinders: The Immortal Man“

    Fri, 02/20/2026 - 18:03
  • Милена Танаскоска - Пупи Милена

    „Современата жена мора да има добар блејзер и накит препознатлив само за неа“: Стилистката Пупи Милена за модата и импресиите од Париз

    Fri, 02/20/2026 - 17:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.