• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Му оставил на келнерот 25.000 долари бакшиш за да си ги поправи забите

10 март 2015, 14:09
  • cподели

Приказната на Брајан Мајкснер, кој ја доби битката со долгогодишните дентални проблеми благодарение на љубезен муштерија, ќе ве инспирира да направите добро дело.

Брајан работи како келнер во ресторан во Оклахома. Тој со години се обидувал да заработи доволно пари за да ги отстрани проблемите со забите со кои се соочувал уште од детството. Сега, како резултат на добродушноста на адвокатот Фред Бетчер, Брајан може да се пофали со нова насмевка.

 Брајан Мајкснер Брајан Мајкснер пред и по денталната интервенција

Фред забележал дека на Брајан му недостигале неколку заби, но и дека страдал од сериозни инфекции во устата. Но, првите нешта кои тој ги забележал кај Брајан биле неговата ведрина и љубовта кон работата. „Веднаш си помислив дека тој е една специјална личност. Се однесуваше толку љубезно и самоуверено, а имаше уста која изгледаше болно. Тоа многу ме погоди“ – рекол Фред кој во минатото страдал од слични проблеми.

Фред признал дека животот бил дарежлив кон него и дека сака да го споделува своето богатство со лицата на кои им е најпотребно. Тој советува: „Независно од вашата религија и од тоа дали верувате во задгробен живот, за да бидете задоволни со својот живот, треба да бидете љубезни со секого и да бидете дарежливи колку што можете“.

Сакајќи да направи добро дело, еден ден Фред ја повикал сопственичката на ресторанот и ја прашал дали може да остави 25.000 долари повеќе отколку што пишувало во сметката, со цел нејзиниот весел вработен да добие нова насмевка. Се разбира, предлогот бил веднаш прифатен.

 Брајан Мајкснер Брајан Мајкснер, адвокатот Фред и сопственичката на ресторанот

Уникатниот бакшиш измамил солзи радосници кај Брајан. „Јас сум маж, но не се плашам да признам дека плачев малку“ – рекол тој и признал дека љубезниот гест го направил подобар човек.

Сега Брајан се залага да ја рашири веста за својата трансформација и да ги поттикне другите да прават добри дела. „Тоа не мора да биде дентална трансформација од 25.000 долари. Може да му ја отворите вратата на некого или да носите нечии намирници. Едноставно стрелајте со добрина. Тоа е токму она што јас имам намера да го направам“ – рекол Мајкснер.

Брајан Мајкснер
Tags
добро дело
хуманост

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.