• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Му го допирав носот за да се уверам дека дише“: Спасени бебе старо 18 дена и мајка му од рушевините во Венецуела

29 јуни 2026, 14:23
  • cподели
Спасување на бебе во Венецуела

Разорните земјотреси во Венецуела однесоа многу животи, а илјадници лица сè уште очајно ги бараат блиските под рушевините.

Приказната за драматичното спасување на бебенце старо само 18 дена и неговата мајка го обиколи светот како зрак надеж во огромната трагедија.

Виралното видео го покажува извлекувањето на бебето додека таткото со солзи го дочекува во прегратка.

Видео

Среќната мајка Дајана Патињо за BBC изјави дека нејзиниот мал син Хуан Давид ѝ дал мотивација да остане будна до спасувањето.

„Си велев дури тој е жив и јас ќе останам жива. Одвреме-навреме му го допирав носот за да се уверам дека сè уште дише“ – раскажала таа.

Кога започнал земјотресот, таа веднаш дотрчала до малото бебенце и го прегрнала, мислејќи дека потресот ќе биде краток. Но, тогаш сè се срушило.

„Чувствував како да летам. Потоа, како да тонам во вода и кал, а потоа паднав во јамата каде што и останав. Не знам како не го испуштив бебето додека летав. Ме згмечи парче мебел.

Кога го видов син ми, почувствував како повторно да се родив, не можев да поверувам.

Си реков себеси дека нема да ја трошам енергијата залудно, дека ќе викам кога ќе биде потребно, кога ќе слушнам гласови или чекори во близина. Не знам како останав толку смирена, бидејќи левата нога ми беше заробена под бетон. Не можев да се помрднам. Слепоочницата ми беше притисната на карпа“ – рекла таа.

Нејзиното спасување дошло благодарение на нејзиниот брат. Откако го слушнала како го довикува нејзиното име, Дајана викнала со цела сила.

„Си реков, ова е мојата единствена шанса. Извикав од седум гласа... Вреснав 'Тука сум' со сета моја сила, а тој рече 'Те најдов и ти ветувам дека нема да си заминам додека не те извлечам'“ – додала таа.

Дајана претрпела повреди на двете нозе, а Хуан за среќа поминал само со полесни повреди.

Tags
земјотреси во Венецуела

Најнови

  • Спасување на бебе во Венецуела

    „Му го допирав носот за да се уверам дека дише“: Спасени бебе старо 18 дена и мајка му од рушевините во Венецуела

    Mon, 06/29/2026 - 14:23
  • Свадбени моменти: Столе Димитриевски се ожени со саканата Ирина во винаријата Камник

    Mon, 06/29/2026 - 13:35
  • Владо Јаневски

    Последно збогум со Владо Јаневски: Погребот ќе се одржи на 1 јули на Градските гробишта во Бутел

    Mon, 06/29/2026 - 13:06
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.