• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Мојот вресок, таа траума вечно ќе ја носи мојата ќерка“: Сопругата на Андреј од ДНК за првпат се отвори за моментот кога дозна за пожарот во „Пулс“

11 јуни 2026, 10:15
  • cподели

Една година по ужасниот пожар во „Пулс“, Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на прерано починатиот Андреј од ДНК, за првпат јавно се отвори за мигот кога ја дозна веста за неговата смрт.

Во искрена и потресна исповед, таа се присетува на кобната ноќ и на моментот кога светот за неа и нејзиното семејство запре во една секунда. 

По подкастот на Ландов „Претрес“, Наталија изјави: „За трагедијата дознавам од сестра ми во присуство на мојата ќерка и мојата внука во тој момент. И мојот вресок во тој момент, тој траор, таа траума вечно ќе ја носи мојата ќерка.“

Еве ги нејзините зборови кои никого нема да го остават рамнодушен:

Со Андреј бевме заедно вечерта пред да тргне на настап во Кочани. Ние обично немавме искрено навика да споделуваме информации каде е вечерта, бидејќи имаше многу често настапи и тоа беше буквално како редовно одење на работа, трета смена или ноќна смена.

Јас дури и случајно прашав вечерта каде е и така и знаев дека е во Кочани.

За некоја да кажам несреќа, ете на 15 вечерта мојата сестра славеше роденден. Таа е родена на 15 март и некако од тогаш нејзиниот роденден го паметиме по лошо, за жал.

И со ќеркичката тргнавме на прослава и буквално ние вечерта бевме на прослава, додека Андреја беше во клубот.

Значи се видовме тогаш последен пат, сè беше најнормално.

Не би претпоставила дека тоа ќе биде наше последно се гледаме после или се гледаме утре од сабајле. Тежок момент во секој случај.

Веста како до мене да стигна најдоцна. Како сите да знаеја многу пред мене.

Вечерта, како и секоја нормална вечер, Андреја на работа, ние дома си се вративме и нормално преноќуваш.

Утредента за жал не знам како, сум паднала во некој длабок сон, што телефонот ненормално ми ѕвонел, преку 200 пропуштени повици и пораки, коишто воопшто не сум ги слушнала.

Ме разбуди мојата ќерка со телефон во рака. Мојата сестра успеала да ме добие конечно и за трагедијата дознавам од сестра ми во присуство на мојата ќерка и мојата внука во тој момент. 

И мојот вресок во тој момент, тој траор, таа траума вечно ќе ја носи мојата ќерка.

Затоа што јас во тој момент не можев ниту да се исконтролирам, не знаев што се случува, ни на крај памет дека избувнал пожар баш во таа дискотека додека тие имале настап.

Кога ме извести сестра ми, самото известување одеше во насока: „Имало пожар, има многу жртви, дали Андреја е дома?“

Јас гледам дека до мене нема никој, тука веќе настанува паниката... Почнувам да ѕвонам, не можам да го добијам на телефон, телефонот беше исклучен. Пробувам упорно неколку пати иако свесно знам дека е исклучен и дека нема како да ми се јави. Но, за жал не можев да го добијам. Застанав, велам што е најпаметно да се направи во тој момент, претпоставив дека можеби избувнал пожар, дека можеби е во полициска станица и дека е на распит. Познавајќи го колку е одговорен сигурно го исклучил телефонот за да не пречи на распит, зашто сигурно знаел дека ќе ѕвонам загрижено.

Ниту на крај памет дека нешто всушност на него му се случило и дека јас залудно ѕвонам на телефонот.

Видео од подкастот:

Tags
Наталија Ѓорѓиеска

Најнови

  • Сопругата на Андреј од ДНК: „Препознавањето го изврши најдобриот другар, ќерка ми 24 часа не излегуваше од соба и не јадеше“

    Thu, 06/11/2026 - 11:21
  • „Снаата испушти толку ужасен крик, таа беше пред породување“: Исповед низ солзи на таткото на Диме кој загина во „Пулс“ и не го дочека раѓањето на сопственото дете

    Thu, 06/11/2026 - 11:05
  • „Мојот вресок, таа траума вечно ќе ја носи мојата ќерка“: Сопругата на Андреј од ДНК за првпат се отвори за моментот кога дозна за пожарот во „Пулс“

    Thu, 06/11/2026 - 10:15
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.