• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Моите две деца немаат телефон“: Новак Ѓоковиќ се отвори за одлуката да не им дава телефони на децата

19 септември 2024, 11:03
  • cподели

И покрај тоа што е најуспешен тенисер на светот и може да им дозволи сè на своите две деца, Новак Ѓоковиќ одлучи тие да не поседуваат мобилни телефони.

Новак Ѓоковиќ

Пред неколку месеци, неговата сопруга Јелена привлече големо внимание кога откри дека 10-годишниот Стефан и 7-годишната Тара немаат телефони, а сега Ноле ја потврди нејзината изјава.

За време на гостувањето кај Иван Ивановиќ, Ѓоковиќ сподели дека е тешко во денешно време родителите да не им даваат телефони на децата, бидејќи сите имаат. Иако Тара и Стефан често се жалат дека се единствени во училиштето кои немаат телефон, Новак и Јелена се строги во овој поглед и сакаат да се почитуваат нивните граници.

„Денешната генерација има многу повеќе предизвици отколку што имавме ние. Ние немавме телефони.“

„Сите денес имаат телефони и таблети, тоа е неминовно. Ние живееме во дигитално време. Технолошкиот развој е ненормален.“

„Јас сум родител на две мали деца, кои имаат 10 и 7 години. Тие немаат телефони, бидејќи ние и понатаму се противиме и се бориме со сопругата. Но, тие малку по малку се жалат и ни велат дека сите на училиште имаат телефони и прашуваат зошто тие не можат да имаат. Не е лесно во таков амбиент, во таква средина“ – рече тој.

Новак зборуваше и за одлуката да ги запише своите деца на школо во Србија, а не некаде во странство.

„Често сум во странство поради работата, но по последните години најмногу сум тука со семејството и со децата. Јас сакам да сум овде, сакам моите деца да одат на училиште во Србија. Сакам да почувствуваат што значи Србија, затоа што тоа е и нивна земја“ – рекол тој, додавајќи дека Србите се небесен народ кој е предодреден за големи нешта.

Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ

Најнови

  • Бруно Марс

    Бруно Марс се жени во спотот за романтичната балада „Risk It All“

    Wed, 03/04/2026 - 16:46
  • „Горе конечно си дете. Таму мама ќе те бакнува, без солзи, без страв, без темнина…“: Трогателна песна за малата Катја и Ивана

    Wed, 03/04/2026 - 14:17
  • Vape

    Различни пристапи во борбата против пушењето: додека други охрабруваат алтернативи, кај нас се воведуваат забрани

    Wed, 03/04/2026 - 13:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.