• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Модната креаторка Антонија Ристовска со нова колекција венчаници инспирирани од жената

13 јануари 2026, 00:30
  • cподели

Антонија Ристовска ги привлекува погледите на идните невести со нова колекција.

ESSENCE 2026 е инспирирана од жената – од суштината на нејзиното битие, од нејзината внатрешна, раскошна убавина и од љубовта како вечен двигател на животот. Таа ја слави автентичната женственост, слободата да се биде своја и убавината што произлегува од самодовербата и радоста.

Како централен мотив на колекцијата се појавува пеперутката – еден од најмоќните и најубави симболи во светот. Таа ја претставува трансформацијата, слободата, чистотата, радоста и леснотијата на постоењето, но и будењето на нешто ново. Пеперутката е метафора за невестата во моментот кога влегува во ново животно поглавје – силна, нежна и целосно своја.

Моделите од колекцијата ESSENCE 2026 се одликуваат со минималистичка естетика, префинета уникатност во изработката и исклучителна леснотија при носењето. Дизајнот е чист и софистициран, со внимателно балансирани линии и детали кои ја истакнуваат природната убавина на силуетата, без да ја надвладеат.

„Вистинската убавина носи вистинска приказна, а токму таквите приказни нè инспирираат да создаваме за нашите идни невести – жени со сопствена визија, стил и емоција. Колекцијата е создадена за невести кои веруваат дека елеганцијата е во едноставноста, а вистинскиот луксуз – во чувството”, изјави Ристовска.

Фотосесијата за колекцијата ESSENCE 2026 е реализирана со помош на AI технологија, како креативен и иновативен пристап кој ги следи актуелните светски трендови во модната индустрија. Овој концепт е избран исклучиво за оваа колекција, како експеримент и визуелна интерпретација на идејата, инспирацијата и емоцијата зад дизајнот.

Самиот фокус останува на рачно изработените фустани, нивната форма, движење и суштина – исто како и на жената за која се создадени.

Моделите од колекцијата се изложени во модното Ателје Антонија Ристовска во Скопје.

Венчаници од Антонија Ристовска
Венчаници од Антонија Ристовска
Венчаници од Антонија Ристовска
Венчаници од Антонија Ристовска
Венчаници од Антонија Ристовска
Венчаници од Антонија Ристовска
Венчаници од Антонија Ристовска
Венчаници од Антонија Ристовска
Венчаници од Антонија Ристовска
Венчаници од Антонија Ристовска
Венчаници од Антонија Ристовска
Венчаници од Антонија Ристовска
Tags
Антонија Ристовска
Антонија Ристовска Bride

Најнови

  • „Ne daj da ostarim sam“ – спотот за новата песна на Здравко Чолиќ снимен во Венеција

    Wed, 03/18/2026 - 09:40
  • Парот од Црна Гора, кој по 22 години неплодност доби дете зачнато во Скопје, славеше прв роденден за ќеркичката

    Wed, 03/18/2026 - 09:13
  • Ќерката на Ем Вандера прослави роденден во Малта, популарната Кенијка ѝ честиташе со слатка порака

    Tue, 03/17/2026 - 21:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.