„Многу сум среќна“: Реакцијата на Кејт Хадсон кога дознава дека е номинирана за Оскар, прослави со мајка си Голди Хоун
Кејт Хадсон не ја криеше среќата кога дозна дека е номинирана за Оскар во категоријата Најдобра актерка за улогата во филмот „Song Sung Blue“.
46-годишната актерка прослави за радосната вест заедно со мајка си Голди Хоун, додека преку видеоповик разговараше со останатите членови на семејството.
„Какво прекрасно утро“ – напиша Хадсон на својот Instagram профил, споделувајќи фотографија на која се прегрнува со својата мајка и видео во кое не може да ги сокрие солзите-радосници и извикува: „О, Боже, многу сум среќна!“.
Со оваа номинација, Кејт и Голди стануваат мајка и ќерка со по две номинации за Оскар во кариерата. Голди освои Оскар за Најдобра актерка во споредна улога во 1970 година, а беше номинирана и во 1981 година, додека Кејт првпат беше номинирана во 2001 година за улогата на Пени Лејн во култниот филм „Almost Famous“.
Голди Хоун не ја криеше гордоста и јавно ѝ честиташе на ќерка си:
О, моја малечка, мое мало девојче! Те сакам колку што е голем Универзумот. Честитки душо! Некогаш имав мало девојче по име Кејт! Погледнете ја сега! Јееее“ – напиша Голди во емотивната објава.
Кејт Хадсон глуми заедно со Хју Џекмен во биографскиот филм „Song Sung Blue“. Филмот ѝ донесе и номинации на Златните глобуси.
Оскарите за 2026 година ќе се одржат на 15 март.