• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

Младите мажи гледаат порно онлајн по 2 часа неделно

26 април 2011, 11:26
  • cподели

Младите мажи гледаат порно онлајн во просек по 2 часа неделно, се вели во извештајот од ново истражување спроведено од радио емисијата Newsbeat на BBC Radio 1.

За разлика од мажите, жените на возраст од 18 до 24 години гледаат порно во просек по 15 минути секоја недела.

Маж гледа порноМажите гледаат порно во просек по 2 часа неделно, а жените – 15 минути

Две третини од мажите и половина од жените сметаат дека гледањето порно не е штетно ако се прави умерено.

Сепак, четвртина од учесниците изјавиле дека се загрижени во однос на тоа колку време гледаат порно. Околу 4% од вкупно 1057 учесници во истражувањето признале дека гледаат порно по повеќе по 10 часа неделно, што експертите го сметаат за проблематично. Секои четири од пет „тешки“ порно зависници признаваат дека порното им попречило да ги завршуваат секојдневните обврски навреме.

Истражувањето покажало дека мажите кои често гледаат порно имаат повеќе проблеми во врската и помалку се заинтересирани за секс со партнерката во реалниот живот.

61% од „тешките“ корисници на порно изјавиле дека се помалку заинтересирани за секс со партнерот, а истото го признале и 27% од „умерените“ корисници на порно и 24% од „лесните“ корисници на порнографски материјали.

Најголем дел и од мажите и од жените стигнуваат до порно преку бесплатните сајтови на интернет.

Tags
порно

Најнови

  • Д-р Драган Даниловски

    Д-р Драган Даниловски објаснува што треба да знаат родителите по стопирањето на вакцинацијата со БСЖ

    Wed, 10/07/2026 - 10:15
  • Дејан Манасков и Билјана Стојановска

    Семејна среќа покрај Охридското Езеро: Дејан Манасков и Билјана го крстија синчето Давид

    Wed, 10/07/2026 - 08:50
  • Фитнес тренерите Софија и Марио открија дека ќе станат родители со слатко видео на плажа во Дубаи

    Wed, 10/07/2026 - 08:04
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.