• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Мислев не може да ми се случи мене“: Блогерка со фотографии од операцијата ја подигнува свеста за ракот на кожата

14 мај 2025, 10:30
  • cподели

Мај е месец за подигнување на свеста за ракот на кожата, па сè повеќе луѓе се охрабруваат да зборуваат за своите лични искуства со оваа болест.

Џули Пај е дел од нив. Популарната блогерка, која е и фитнес тренер, постојано ги советува своите следбеници да прават редовни контроли и да си ја прегледуваат кожата, бидејќи од лично искуство знае колку е лесно да се пропушти ракот.

Пај имала многу мала црвена дамка, која понекогаш се лупела и предизвикувала чешање, а ѝ требале три прегледи за да ѝ ја постават вистинската дијагноза – базо-клеточен карцином (BCC).

Сакајќи да информира што повеќе луѓе, Џули сподели фотографии од изгледот на дамката и од нејзината операција за отстранување на заболениот дел од кожата.

Џули Пај Џули Пај Џули Пај

„Многу долго време си мислев дека тоа никогаш нема да ми се случи мене. Но, вистината е дека ракот на кожа не дискриминира. Тоа беше повик за будење дека треба да бидам повнимателна во заштитата и грижата за мојата кожа – не за изгледот, туку за здравјето. Ова е ваш потсетник да ја проверувате редовно вашата кожа“ – пишува таа.

Џули Пај Џули Пај

Еве го во целост нејзиниот пост:

Мај е месец за подигнување на свеста за ракот на кожата!

И ова ме допира во срцето.

Пред околу 18 месеци, ми беше отстранет рак на кожата. Тоа не беше бенка. Беше бавно растечка, лушпеста црвена дамка на кожата, која понекогаш ме чешаше, понекогаш ме болеше... понекогаш беше тотално без симптоми. Всушност, двапати бев на лекар во период од 5 години.

И двата пати ми беше кажано дека не е ништо. Но, длабоко во себе, знаев дека нешто не е во ред. За среќа, побарав трето мислење и тогаш конечно ја добив дијагнозата.

Над 250.000 луѓе во Велика Британија ќе бидат дијагностицирани со рак на кожата во 2025 година. Тоа е повеќе од сите други видови на рак заедно. И покрај тоа, многу луѓе сè уште мислат: „Тоа нема да ми се случи мене“.

И јас мислев така.

Сега секојдневно користам крем со заштитен фактор, редовно ја проверувам кожата и никогаш не ги игнорирам моите инстинкти кога станува збор за моето здравје.

Ракот на кожата може да се спречи во 90% од случаите и речиси секогаш е излечив ако се открие рано.

Овој месец е потсетник да се заштитите себеси и оние што ги сакате:

  • Секој ден користете крем со заштитен фактор.
  • Избегнувајте солариуми.
  • Проверувајте ја вашата кожа месечно.
  • И ве молам, не игнорирајте ништо што не изгледа како што треба, дури и ако некој друг ви каже дека не е ништо.

Вашето тело знае. Верувајте му.

И продолжете да се залагате ако се чувствувате неслушнато, тоа може да ви го спаси животот.

Ако споделувањето на ова натера само едно лице да преземе акција - вреди!

Џули Пај Џули Пај Џули Пај Џули Пај Џули Пај

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.