• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Милионерот кој не ја заборави добрината на луѓето од селото од кое потекнува

27 ноември 2014, 15:58
  • cподели

Сјунг Шуејхуа стигнал далеку во животот, но во ниту еден момент не заборавил на луѓето кои му помогнале на почетокот на неговото патување до успехот.

Милионерот со големо срце решил да го сруши маалото во кое пораснал и на негово место изградил луксузни домови во кои ги сместил луѓето кои биле покрај него додека растел.

Селото Сјунгкенг Селото Сјунгкенг

Освен што ги заменил калливите селски патишта со асфалтирани улици и дрвените бараки со модерни згради, тој дури им ветил и три топли оброци дневно на постарите лица и на семејствата со ниски примања.

Селото Сјунгкенг

Благодарение на успешната работа, прво во градежништвото, а потоа во трговијата со челик, 54-годишниот Кинез заработил многу повеќе отколку што можел да потроши, па решил да им се оддолжи на луѓето од селото Сјунгкенг во кое пораснал за нивната добрина кон него и кон неговото семејство.

„Секогаш си ги исплаќам долговите и сакав да им се оддолжам на луѓето кои ми помогнаа мене кога бев помлад и на моето семејство“ – рекол Шуејхуа.

Селото Сјунгкенг Селото Сјунгкенг

Како резултат на великодушноста на Шуејхуа, 72 семејства живеат во нови луксузни домови, а 18 од нив, кои биле особено љубезни кон бизнисменот и неговото семејство, добиле свои вили во рамките на проектот од речиси 4 милиони фунти.

Среќните жители без двоумење изјавуваат дека Сјунг ја наследил добродушноста од своите родители.

Tags
добрина
хуманост

Најнови

  • Полиција

    „По години пријавувано семејно насилство, ги загубив внуката и сестрата“: Потресни зборови на братот на жената која почина со мало дете по пад од зграда

    Tue, 03/03/2026 - 00:17
  • Онлајн кредит во Шпаркасе Банка

    Шпаркасе Банка воведе целосно дигитален потрошувачки кредит – средства на сметка за само 10 минути

    Mon, 03/02/2026 - 16:31
  • dm

    Мојот ден? Секој ден! Откријте повеќе од 1.800 идеи за подарок за 8 Март во dm

    Mon, 03/02/2026 - 16:23
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.