• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Миланската недела на модата: колекции пролет/лето 2012

28 септември 2011, 10:57
  • cподели

Изминатава недела Милано се тресеше во ритамот на диригентските палки на некои од најреномираните дизајнери во модната индустрија. Имињата Џорџо Армани, Прада, Кавали, Фрида Џанини, Версаче и Долче и Габана се повеќе од звучни и може да се каже дека сосема оправдано моментално го освојуваат вниманието. Ѕирнете низ нивните колекции за да добиете претстава за трендовите што ќе бидат актуелни наредната сезона.

Гучи

Неодоливи фустани со паднат струк во златна, сребрена, црна и бела боја, црни проѕирни елегантни фустани, интересни панталони со висок струк и краток „шлиц“ на ногавиците и многу златни детали... ревијата на Гучи го донесе на сцената гламурот на 20-тите години.

„Сакав да ја истражувам оптичката страна на женственоста со создавање на скулптурен гламур за жената Гучи“ – објаснила креативната директорка Фрида Џанини.

Иако доминираа црната и белата боја, златната и бојата на смарагд на елегантен начин се интегрираа во голем дел од креациите. Фрида не пропушти да си поигра и со принтовите, мешајќи црно-бели шарки на жирафа со принт на зебра.

Gucci Gucci
Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci

Фенди

Хоризонталните и вертикалните линии ја преокупираа модната писта на ревијата на Фенди. Карл Лагерфелд како вистински мајстор успеа да прикаже шик начин на облекување за вистинската жена.

Тренч мантили, асиметрични сукњи, многу кошули, фустани кои потсетуваат на туники и интересни повеќеслојни горни делови со отсечени раменици го одбележаа новиот стил на жената Фенди.

Fendi Fendi
Fendi Fendi Fendi Fendi Fendi Fendi

Версаче

Море од гламур ја преплави модната писта на шоуто на Версаче. Нежна, елегантна и гламурозна колекција претстави Донатела Версаче, праќајќи на сцената манекенки кои наликуваа на вистински сирени со креации украсени со морски ѕвезди и коњчиња.

Тоа е имиџ на сирена „која пристигнува во Њујорк во жешка летна ноќ, подготвена да освои сè: луѓето, градот и самата себе... Жените мора да ја извадат својата агресивна страна, бидејќи сè уште треба да се пробиваат за да се истакнат во светот на мажите. Во никој случај не сум романтичарка, но чувствував дека треба да ја омекнам таа решителност“ – изјавила Донатела.

Versace Versace
Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace

Прада

Она што може да се каже за неповторливата Мјуча Прада е дека никогаш не се плаши да стапне во непознатото и да експериментира со стандардите за убавина. Критичарите отсекогаш ја опишувале како креаторка со жед за нови идеи.

За новата колекција, Прада извади на виделина елементи како автомобили од 50-тите години, фигури од стрипови и ретро цветни дезени. Автомобилите беа главна тема на колекцијата – на креациите на кои немаше автомобили имаше апликации од чад. Сукњите беа со должина до колена и со висок струк, но кратките „блузички“ отскриваа дел од стомакот на моделите (тренд кој неспорно завладеа на пистите). Палетата на бои беше женствена: жолто, кремово, небесно сино и бордо.

Prada Prada
Prada Prada Prada Prada Prada Prada Prada Prada Prada Prada Prada Prada

Алберта Ферети

Коктел фустани со должина до под колената доминираа на ревијата на Алберта Ферети. Во секој од нив искусната креаторка имаше вметнато проѕирни ткаенини кои умерено покажуваат дел од женското тело.

Низ креациите можеа да се видат елементи инспирирани од арт деко стилот, како и од стилот на 20-тите и 60-тите години. Ферети успешно употреби поживи бои, како корална и жолта, најавувајќи разнобојна пролет.

Alberta Ferretti Alberta Ferretti
Alberta Ferretti Alberta Ferretti Alberta Ferretti Alberta Ferretti Alberta Ferretti Alberta Ferretti

Емпорио Армани

Отсуството на боја во повеќето од креациите на Џорџо Армани придонесе да дојдат до израз префинетоста и рафинираноста на ткаенините, кројките и изработката.

Црно-белата колекција ја фасцинира публиката со женствен современ приказ на машки стил на облекување и стилот од раните 20-ти години.

Emporio Armani Emporio Armani
Emporio Armani Emporio Armani Emporio Armani Emporio Armani Emporio Armani Emporio Armani Emporio Armani Emporio Armani Emporio Armani Emporio Armani Emporio Armani Emporio Armani

Макс Мара

Модната куќа Макс Мара се смета за бренд кој нуди безвременска елегантна облека за повозрасните жени, но новата колекција како да е обид да проникне кај младите клиенти.

Бело, ведро сино, нијанси на крем и златна боја ја окарактеризираа луксузната колекција во спортски стил.

Max Mara Max Mara
Max Mara Max Mara Max Mara Max Mara Max Mara Max Mara

Долче и Габана

За време на модната недела во Милано, познатото креаторско дуо ја објави веста за затворањето на нивната модна линија D&G и покажа дека ќе го задржи на фокусот својот примарен бренд.

Дневните креации беа ретро цветни и разнобојни, а вечерната облека беше украсена со многу блескави камења. „Сè потсетува на типичниот италијански весел дух“ – изјавиле прочуените дизајнери.

Dolce Gabanna Dolce Gabanna
Dolce Gabanna Dolce Gabanna Dolce Gabanna Dolce Gabanna Dolce Gabanna Dolce Gabanna

Роберто Кавали

Златото е актуелна тема во бизнис круговите, но и во центарот на новата колекција на Роберто Кавали. Етаблираниот дизајнер употреби злато на фустани, панталони и дури и јакни.

„Оваа колекција е химна на „Made in Italy“ и на фантазијата на италијанскиот стил. Инспирирана е од жените кои го сакаат животот и кои гледаат на него со сензуалност“ – изјавил Кавали пред почетокот на шоуто за колекцијата во која се испреплетуваат егзотичност, сексапил и мистериозност.

Roberto Cavalli Roberto Cavalli
Roberto Cavalli Roberto Cavalli Roberto Cavalli Roberto Cavalli Roberto Cavalli Roberto Cavalli
Tags
модна недела
модна недела пролет-лето 2012

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.