• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Миланската модна недела – колекции пролет/лето 2015

23 септември 2014, 13:01
  • cподели

Модниот караван го обиколува Стариот континент, а последната станица беше Милано. Реномирани модни куќи како Версаче, Армани и Долче и Габана обелоденија визуелен приказ на креаторската имагинација, диктирајќи ги трендовите за следната година.

Задоволете си го љубопитството и прошетајте со поглед низ дел од презентираните колекции кои никој не оставија рамнодушен во италијанската престолнина на модата.

Версаче

Модернистичка и сексапилна колекција излезе од ателјето на Версаче и изненади со минималистичкиот пристап кон декорациите. Донатела Версаче се насочи кон чисти и прецизни кроеви и графички детали.

Грчката шара, еден од препознатливите елементи на брендот Версаче, се појавуваше на рабовите на здолништа, додека во зголемена верзија ја интензивираше динамиката на кратките фустани. Проѕирните ленти и високите шлицови сведочеа за стремежот на Версаче кон провокативност, додека мрежестите ткаенини и колоритните ленти говореа за спортско влијание.

Versace Versace
Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace

Долче и Габана

Доменико Долче и Стефано Габана ја споија италијанската сензуалност со шпанската страст, а резултатот е занемувачки богата колекција исполнета со радост, љубов и сексапил. Шпанското влијание врз Сицилија во периодот од 1516 до 1713 година е темата која ги постави темелите на колекцијата со женствени јакни и болероа кои потсетуваа на матадори, развеани фустани со точкест принт, црвени рози и каранфили кои асоцираа на фламенко танчарки и пончоа и наметки со реси кои напомнуваа на традиционалната шпанска облека.

Армијата на познатото дизајнерско дуо на крајот маршираше во бели кошули и црвени кратки панталони со висок струк, давајќи му спектакуларно финале на модното шоу.

Dolce Gabbana Dolce Gabbana
Dolce Gabbana Dolce Gabbana Dolce Gabbana Dolce Gabbana Dolce Gabbana Dolce Gabbana Dolce Gabbana Dolce Gabbana Dolce Gabbana Dolce Gabbana Dolce Gabbana Dolce Gabbana
Долче и Габана

Џорџо Армани

Армани го започна модното шоу со филм режиран од Паоло Сорентино, во кој пар лежи на напуштена плажа. Колекцијата е наречена „Sand“ (Песок), што многу добро ја објаснува палетата на бежови и сиви нијанси кои преовладуваа на ревијата.

80-годишниот дизајнер повторно понуди елегантни костуми кои се привлечен микс на мажествена и женствена облека. Деликатните, нежни ткаенини ѝ дадоа неверојатна леснотија на колекцијата, додека слоевитоста им ја зголеми атрактивноста на креациите.

Giorgio Armani Giorgio Armani
Giorgio Armani Giorgio Armani Giorgio Armani Giorgio Armani Giorgio Armani Giorgio Armani Giorgio Armani Giorgio Armani Giorgio Armani Giorgio Armani Giorgio Armani Giorgio Armani

Гучи

Фрида Џанини ги оживеа 70-тите години. Колоритни ретро принтови, џинс, лелеави кратки фустани и мантили и фармерски јакни со големи копчиња ги шармираа гостите меѓу кои беше и одушевената Кејт Мос, која побрза да потенцира дека сѐ би се вклопило во нејзиниот стил.

Комфорните креации оддаваат софистицираност и бохо вибрации. Сексапилот кој се врзува за етикетата „Гучи девојка“ се наѕираше во длабоките V-деколтеа.

Gucci Gucci
Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci

Емилио Пучи

Психоделични шари и макси фустани се вееја над пистата на Питер Дандас, кој исто така ја врати на сцената модата од 70-тите години.

Богати текстури и разиграни принтови ја шармираа публиката на Дандас, кој успеа во своите редови да ја регрутира легендарната Наоми Кембел. Елегантни панталони со минимално проширување во долниот дел на ногавиците одеа во комбинација со елеци, кошули и сакоа, следејќи ја темата „бохо-луксуз“.

Emilio Pucci Emilio Pucci
Emilio Pucci Emilio Pucci Emilio Pucci Emilio Pucci Emilio Pucci Emilio Pucci Emilio Pucci Emilio Pucci Emilio Pucci Emilio Pucci Emilio Pucci Emilio Pucci
Tags
Миланската модна недела пролет лето 2015
колекции пролет лето 2015

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.