• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Меланија Трамп со впечатливо враќање во Белата куќа во екот на гласините за Доналд и неговата асистентка

21 август 2026, 13:20
  • cподели
Меланија Трамп

По повеќе од еден месец отсуство од јавноста, Меланија Трамп повторно се појави пред камерите покрај нејзиниот сопруг Доналд Трамп.

Првата дама на САД присуствуваше на настан во Градината на розите во Белата куќа посветен на нејзината иницијатива „Fostering the Future“, а обраќањето го започна со впечатлива порака:

„Слушнав дека ви недостигав. Еве ме“ – рече таа со широка насмевка.

За враќањето во центарот на вниманието, Меланија избра елегантна комбинација од светлосина кошула од Мајкл Корс, црвено здолниште со молив крој од Диор и високи потпетици од Маноло Бланик.

Нејзиното појавување привлече дополнително внимание бидејќи таа и Доналд повеќе од еден месец не беа видени заедно во јавност. Последен пат се појавија како пар на 19 јули, на финалето на Светското првенство во фудбал во Њу Џерси.

Во меѓувреме, американските медиуми интензивно пишуваа за блискоста на Трамп со неговата 35-годишна асистентка Натали Харп, која речиси постојано е покрај него. Дополнително масло на огнот долеаја извештаите дека Харп во минатото му пишувала емотивни пораки на Трамп, како и тврдењата од неименувани извори дека на Меланија не ѝ се допаѓа медиумското внимание околу нивната блискост.

Додека се шират шпекулациите, Доналд и Меланија покажаа единство, држејќи се за раце.

Повод за настанот беше проширувањето на иницијативата „Fostering the Future“. Меланија најави финансиска поддршка од 2 милиони долари од IndyCar и Fox Sports за стипендии за млади лица кои го напуштаат системот на згрижување на Универзитетот Индијана и Универзитетот Пердју.

„Најголемото достигнување кое Америка може да го направи не е технологијата, инфраструктурата или пазарите на капитал. Тоа се нашите деца“ – порача Меланија.

Tags
Меланија Трамп

Најнови

  • Скопско

    ОСВЕЖУВАЊЕТО ПРИСТИГНА: Со забава во срцето на Дебар Маало, СКОПСКО го претстави новиот Скопско мурал и освежениот изглед на пакувањата

    Fri, 08/21/2026 - 14:38
  • Славниот уличен кошаркар МК ги преполни салите во Македонија, па порача: „Ќе се вратам за гравче, бурек и ајвар“

    Fri, 08/21/2026 - 13:30
  • Меланија Трамп

    Меланија Трамп со впечатливо враќање во Белата куќа во екот на гласините за Доналд и неговата асистентка

    Fri, 08/21/2026 - 13:20
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.