• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Меланија Трамп со Дедо Мраз го шири празничниот дух кај дечиња во воена база

11 декември 2025, 14:25
  • cподели

Меланија Трамп го разбуди празничното расположение и добрината кај дечиња и нивните родители во воена база.

Првата Дама на САД пристигна со авион заедно со Дедо Мраз и донесе радост кај најмалите. 55-годишната сопруга на Доналд Трамп носеше стајлинг кој чини речиси 6 илјади долари.

Белото палто, кое беше контраст контраст на нејзината црна облека, е дело на Proenza Schouler и чини 2.200 долари.

Меланија се дружеше со дечињата на воени лица и волонтери кои собираат и распределуваат играчки за деца чии родители не можат да си дозволат да им купат подароци на Божиќ. Настанот е организиран од фондацијата „Toys for Tots“.

„Тука сме за една од најомилените празнични традиции: Toys for Tots, предводена од Резервниот состав на Морнарицата на Соединетите Американски Држави. Повеќе од 75 години, маринците и волонтерите ширум Америка собираат и доставуваат нови играчки до децата на кои им е потребна малку дополнителна радост за Божиќ. Сѐ е спакувано со љубов и голема грижа“ – стои во Instagram објавата на Меланија.

Илјадници маринци, волонтери и воени семејства присуствуваа на прославата во украсен хангар во Квантико.

Првата дама ја нагласи важноста на љубовта и солидарноста за време на празничната сезона, истакнувајќи дека „љубовта патува подалеку и од санките на Дедо Мраз и од американските Osprey воздухоплови“.

Трамп упати и благодарност до сите кои ја поддржуваат фондацијата „Toys for Tots“.

Tags
Меланија Трамп

Најнови

  • Ребека со семејството во Венеција

    „Ти благодарам Господи за сите убавини“: Ребека со трите сина и сопругот на патување во Венеција

    Fri, 01/30/2026 - 18:44
  • Леон Мемиш Апостоловски

    Мисија на љубовта и знаењето: Како семејството Мемиш Апостоловски ја менува свеста за аутизмот низ Македонија?

    Fri, 01/30/2026 - 17:05
  • Никогаш повеќе сама на dm

    dm обезбеди повеќе од 320 000 бесплатни хигиенски влошки за студентките на државните факултети во академската 2025/2026 година

    Fri, 01/30/2026 - 13:17
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.