• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Меган Фокс и Машин Ган Кели раскинаа недели по објавата дека го очекуваат првото заедничко дете

11 декември 2024, 07:36
  • cподели

Меган Фокс и Машин Ган Кели повторно раскинаа. Овој пат се разделија само неколку недели откако објавија дека го очекуваат првото заедничко дете.

38-годишната актерка и 34-годишниот рапер беа заедно од 2020 година, но имаа турбулентна врска. Тие се верија во 2022 година, но неколку месеци подоцна, повторно ја прекинаа нивната романса.

Меган Фокс

Парот ја обнови врската во 2023 година, а потоа Меган за првпат се отвори за спонтаниот абортус кој го доживеала. „Никогаш не сум поминала низ ништо такво во животот. Беше многу тешко за двајцата и тоа нè испрати на многу диво патување, заедно и одделно... обидувајќи се да сфатиме ‘Што значи ова?’ и ‘Зошто се случи ова?’“ – изјави тогаш Меган.

Минатиот месец, Меган откри дека го очекува своето четврто дете и напиша: „Ништо не е навистина изгубено. Добредојде назад“.

Меган Фокс Меган Фокс Меган Фокс Меган Фокс Меган Фокс

Од бракот со Брајан Остин Грин, Фокс има три деца – 12-годишниот Ноа, 10-годишниот Боди и 8-годишниот Џурни додека MGK е татко на 13-годишната Кејси од врската со Ема Канон.

Меган Фокс Меган Фокс

Најнови

  • Бруклин Бекам за првпат фотографиран со Никола Пелц откако побара од родителите да контактираат со него само преку адвокат

    Tue, 01/13/2026 - 11:19
  • Ретко му го покажува лицето... Северина на скијање во Австрија со синот Александар кој „повеќепати се обидоа да ѝ го одземат“

    Tue, 01/13/2026 - 10:03
  • „Најубавата година во мојот живот“: Ирина Дишо со слатко видео за првиот роденден на ќеркичката

    Tue, 01/13/2026 - 09:18
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.