Марија и Бојан од Ај Кју стапија во брак 4 дена по откривањето на веста дека очекуваат бебе
Марија Ивановска и Бојан Трајковски од Ај Кју ја крунисаа својата љубов со брак, само четири дена откако ја споделија среќната вест дека наскоро ќе станат родители.
Членовите од македонското музичко дуо, кое нè претставуваше на Евровизија во 2018 година, споделија и видеа и фотографии на Instagram Story од регистрацијата и прославата со најблиските пријатели и семејството.
Марија и Бојан блескаа од среќа додека заедно го прославуваа почетокот на новото животно поглавје. Посебен момент на свадбената прослава беше танцот на нивната песна „Убава“.
Заљубениот пар ја сподели веста дека ќе добие бебе со забавно видео во кое Марија го покажа позитивниот тест за бременост и пораснатото трудничко стомаче.