Марија и Бојан од Ај Кју ќе станат родители, го покажаа позитивниот тест за бременост и трудничкото стомаче
Марија Ивановска и Бојан Трајковски наскоро ќе го добијат своето прво дете.
Парот, кој го сочинува музичкото дуо Ај Кју и нè претставуваше на Евровизија во 2018 година, ја сподели веста за бременоста преку интересно видео. На Instagram, Марија го покажа позитивниот тест за бременост и пораснатото трудничко стомаче.
28-годишната пејачка во минатото има споделено дека нејзините родители не ја прифаќаат врската со Бојан, кој е 14 години постар од неа.
Парот ја претставуваше Македонија на Евровизија со песната „Lost and Found“.