• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Мамо, слушни ме“: Текст на рускиот психолог Олга Маховска ќе ги замисли мајките

4 април 2025, 10:15
  • cподели

Со своите книги и текстови, Олга Маховска постојано им помага на родителите да си ги одговорат најчесто поставуваните прашања поврзани со воспитувањето на нивните деца.

Познатиот руски психолог ги посочува грешките кои ги прават родителите и нуди решенија како истите да бидат избегнати. Таа има напишано текст со наслов „Мамо, слушни ме“ напишан од гледна точка на детето, кој ќе ги замисли сите мајки и ќе им помогне да го видат светот низ очите на своето најмило.

Дете

Мамо, покажи ми дека секогаш можам да разговарам со тебе. А кога ќе пораснам, ќе умеам да им се доверувам на луѓето.

Мамо, кажи ми дека сакаш да зборуваш со мене. И кога ќе пораснам, ќе знам дека сум интересна.

Мамо, не ми забранувај да плачам, да се лутам, да сум тажна и да се радувам. Зборувај со мене за чувствата. И кога ќе пораснам, ќе се разбирам себеси и ќе знам дека сè е во ред со мене.

Мамо, забележувај што се случува со мене. Кога ќе пораснам, ќе бидам способна на емоционална блискост со другите луѓе.

Мамо, помогни ми кога ми е тешко, утеши ме кога ќе згрешам и ќе претрпам неуспех. Не ме казнувај. Кога ќе пораснам, ќе си верувам себеси и ќе можам да ги поддржам другите.

Мамо, прашај ме што ми се допаѓа и што ми е потребно. Кога ќе пораснам, ќе можам да ги разбирам своите вистински желби.

Мамо, дозволи ми да не се согласувам секогаш со тебе, да протестирам и да те негирам. Кога ќе пораснам, ќе можам да кажам „Не“.

Мамо, дај ми слобода, не ме контролирај постојано. И кога ќе пораснам, ќе бидам одговорен човек.

Мамо, не брзај да ме направиш возрасна, дозволи ми да бидам дете, да бидам слаба и беспомошна. И ќе пораснам самостојна и независна.

Мамо, едноставно сакај ме. Кога ќе пораснам, ќе се чувствувам ценета.

Мамо, биди до мене додека сум дете. Кога ќе пораснам, нема да страдам од самотија.

И уште нешто. Мамо, прегрнувај ме почесто, те молам.

Олга е авторка на многу книги и студии од областа на детската психологија. По нејзините совети, многу родители ги воспитуваат своите деца.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.