„Мамо, нема поубаво чувство од тоа да те усреќувам“: Двејн Џонсон ѝ купи нова куќа на мајка си и ја изненади
Двејн Џонсон не ја крие приврзаноста со мајка му Ата, која ја смета за своја инспирација.
За да ѝ се заблагодари за сè што направила за него, 50-годишниот актер ѝ купи нов дом, а на Instagram објави видеа од моментот кога ја изненади. Ата не може да си ги задржи солзите кога ќе ја види внатрешноста на собите полни со спомени.
Во една од собите, Двејн ги постави нејзините стари музички инструменти и фотографии од нејзините предци кои не ги видела од детството во Самоа.
Те сакам мамо и изненадување!
Кога бев мал, мразев кога мајка ми плачеше, а сега среќен сум кога ѝ мамам солзи-радосници.
Ја изненадив мајка ми, купувајќи ѝ нов дом. Со мојот тим работевме 8 недели за да го подготвиме... Имав среќа што низ годините можев да ѝ купам повеќе домови, но овој е специјален, бидејќи во изминатите неколку години таа ми велеше: „Откако го поминав животот во патување, сакам овој дом да ми биде последен. Тоа е мојот сон“.
Мамо, нема поубаво чувство од тоа да те усреќувам. Добредојде дома.
Отсекогаш сум велел, ако имаш добра мајка, имаш големи шанси да станеш добро, грижливо човечко суштество.