• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Мал херој, голема победа: 8-годишно момче го победи ракот и со танц прослави пред да заѕвони на победничкото ѕвонче

3 април 2026, 21:00
  • cподели

Понекогаш, најтешките битки ги добиваат најмалите меѓу нас.

8-годишниот Ројс од Тексас го претвори болничкиот ходник во подиум за танц откако ја доби битката со ракот.

Во емотивно видео, кое брзо се прошири на социјалните мрежи, малиот херој танцува, прави ѕвезда и со широка насмевка удира на победничкото ѕвонче, кое е симбол на крајот на тешкиот третман против болеста.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ABC7 Eyewitness News (@abc7la)

Неговата мајка, Џоријал Хадсон, го снимила моментот на 20 март во детската болница во Форт Ворт. 

Таа откри дека на Ројс му била дијагностицирана акутна лимфобластна леукемија во јули 2025 година и поминал низ тежок период на лекување, поради што морал да пропушти важни моменти од детството, како роденденот на помалата сестричка.

„Тој ден беше пресреќен. Конечно си одеше дома кај семејството, особено кај сестричката која многу му недостигаше“ – изјавила Џоријал.

Лекарите минатиот месец потврдиле дека Ројс е во ремисија и дека може да ја напушти болницата. 
Денес, тој повторно ќе ужива во своето детство, ќе снима видеа, ќе игра игри и ќе се врати на училиште.

„Бидете глас и заштитник на вашето дете и навистина слушајте го, затоа што тие го познаваат своето тело подобро од било кој друг. Токму Ројс беше тој што ги забележа симптомите на леукемијата и тој беше упорен дека нешто не е во ред, инсистирајќи да се направат сите можни испитувања“ – рекла мајка му.

Tags
леукемија

Најнови

  • Мал херој, голема победа: 8-годишно момче го победи ракот и со танц прослави пред да заѕвони на победничкото ѕвонче

    Fri, 04/03/2026 - 21:00
  • Хенри Кавил за Longines

    HydroConquest 2026 пристигна во Македонија: Longines со најголема промена досега

    Fri, 04/03/2026 - 14:33
  • Токсични врски

    „Ако мораш да одиш ‘на прсти’ во сопствениот живот – тоа не е нормален конфликт“: Елена Џебр за токсичните врски

    Fri, 04/03/2026 - 13:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.