• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Македонската убавица Татјана Јанушева во бело на семејна прослава за веридбата со Давид

10 септември 2026, 11:45
  • cподели

Татјана Јанушева и Давид Настов прославија за веридбата со најблиските.

Македонската убавица и нејзиниот избраник, кои пред две недели се верија во Дубровник, го одбележаа ова значајно поглавје во нивниот живот со вечера на која ги обединија двете семејства.

На социјалните мрежи, тие споделија неколку фотографии, а нејзиниот татко напиша:

Денес пред тебе стои татко кој со гордост, но и со малку солзи во очите, ја гледа својата ќерка како го започнува најважното поглавје од својот живот.

Цел живот ја чував, ја растев и се трудев да ја направам среќна. Денес ти ја доверувам со едно единствено барање - чувај ја и сакај ја повеќе од сè.

Не ми ветувај дека никогаш нема да има тешки денови. Само ветувај ми дека, кога ќе дојдат, нема да ја оставиш сама да се соочува со нив.

Од денес не си само човекот што ја сака мојата ќерка. Од денес си и мој син.

Со цело срце ви го давам својот благослов и ви посакувам љубов што ќе трае цел живот.

Добредојде во семејството, сине.

Тати за Фемина призна дека, иако се заедно пет години, запросувањето дошло во момент кога најмалку го очекувала.

„После 5 години заедно, искрено воопшто не очекував дека ќе се случи токму сега. ❤️ Бев запросена во Дубровник и мислам дека никогаш нема да го заборавам тој момент. Беше толку неочекувано, а можеби токму затоа и уште поубаво.

После толку години, толку заеднички моменти, убави и тешки денови, сега започнуваме едно ново поглавје заедно. Не можев да замислам поубаво место и поубав начин да се случи. ❤️“ - ни раскажа Тати.

Tags
Татјана Јанушева

Најнови

  • Ниту религијата, ниту далечината не ги разделија: Љупче од Делчево ја запроси Турчинката Ајлин во лет над глечер на Алјаска

    Thu, 09/10/2026 - 22:20
  • Македонската убавица Татјана Јанушева во бело на семејна прослава за веридбата со Давид

    Thu, 09/10/2026 - 11:45
  • Аделина Тахири атрактивна во бел комбинезон со деколте со сестра си Диана на роденден

    Thu, 09/10/2026 - 09:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.