• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Македонската ИТ компанија ⋮IWConnect го одбележа отворањето на канцеларијата во Скопје со забава во Cuban Summer Style

6 септември 2022, 11:15
  • cподели

Со повеќе од 18 години постоење на пазарот, и повеќе од 3 години присуство во главниот град на Македонија – Скопје, ⋮IWConnect минатиот петок официјално го одбележа отворањето на канцеларијата во Скопје со забава во Cuban Summer Style.

Канцеларијата на ⋮IWConnect во Скопје официјално е отворена пред 3 години, една година по експанзијата на ⋮IWConnect во Прилеп, но прославата за истата официјално беше направена оваа година, односно минатиот петок на 02.09.2022. Скопската канцеларија на ⋮IWConnect започна со работа со само неколку вработени за само по три години да брои преку 60 луѓе кои работат на создавање извонредна вредност за своите клиенти преку употреба на најразлични алатки и технологии од областа на интеграција со SnapLogic, MuleSoft, TIBCO, Low-code платформи, Microsoft технологии, PHP, Java, AWS, менаџирање и анализа на податоци, сите видови на тестирање на производи и решенија со акцент на автоматско тестирање, поддршка и одржување на системи и многу други.

Во текот на трите години на постоење во Скопје, ⋮IWConnect се прошири во голема мера што доведе до промена на локацијата на канцелариите. Па, започнувајќи од оваа година скопската канцеларија на ⋮IWConnect се наоѓа на нова локација на ул. Наум Наумоски Борче, бр. 40. Во прилог слики од канцелариите во Скопје.

⋮IWConnect во Скопје ⋮IWConnect во Скопје ⋮IWConnect во Скопје ⋮IWConnect во Скопје ⋮IWConnect во Скопје ⋮IWConnect во Скопје ⋮IWConnect во Скопје ⋮IWConnect во Скопје

Преселувањето во новите канцеларии беа повод ⋮IWConnect да организира забава со која ќе го прослави и отворањето на канцеларија во Скопје, но и новиот простор. Познати по начинот на кој организираат забави (забавата по повод отворањето на новите канцеларии во Битола во Great Gatsby стил, YouTube), и оваа забава беше организирана на ист начин, но овојпат во Summer Cuban Style. На забавата присуствуваа вработени од петте канцеларии на ⋮IWConnect – Битола, Прилеп, Скопје, Амстердам и Нови Сад, а ги забавуваа: Latino Extravaganza со Jasmina Del Sol, Live Band “Pece Superhiks со Breakdown Band”, по што следуваше и DJ. Забавата траеше до полноќ и од сликите во прилог очигледно е дека прославата била на највисоко ниво.

⋮IWConnect во Скопје ⋮IWConnect во Скопје ⋮IWConnect во Скопје ⋮IWConnect во Скопје ⋮IWConnect во Скопје ⋮IWConnect во Скопје ⋮IWConnect во Скопје ⋮IWConnect во Скопје ⋮IWConnect во Скопје

⋮IWConnect е ИТ компанија која има глобален простор на делување и е фокусирана на создавање на дигиталнo-оптимизирани технолошки решенија. Како компанија која се заснова на богато минато, а се фокусира на иднината на дигитализацијата и конекциите, ⋮IWConnect е општествено одговорна компанија која редовно инвестира во својот роден крај. Визијата на ⋮IWConnect е да создаде семејно-ориентирана култура, каде секој ќе може да го сподели своето мислење слободно, да пренесе знаење и да им помага на другите, со што ќе овозможи личен, професионален и етички развој на своите вработени, и родниот крај.

Со седиште во Битола, и канцеларии во Прилеп, Скопје, Амстердам, Хјустон, и Нови Сад, ⋮IWConnect успешно ја гради својата приказна повеќе од 18 години.

Контакти:

Андријана Димитриевска
Marketing Consultant | Content Marketing
andrijana.dimitrievska@iwconnect.com

Ана Дукиќ
HR Recruiter
ana.dukikj@iwconnect.com

Tags
⋮IWConnect

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.