• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

Македонија на 42. место по квалитет на живот на мајките

4 мај 2010, 19:50
  • cподели

По повод Денот на мајката, независната организација „Save the Children“ го објави својот 11-ти по ред годишен извештај за условите на мајките низ светот. Според него, најдобрите услови за живот на мајките и децата ги има Норвешка, а најлошите Авганистан.

мајка со бебеСпоред условите за живот на мајките и децата, Македонија е рангирана на 42-ро место од 160 земји.

Ако ги споредите резултатите на Норвешка и Авганистан кои се соодветно на врвот и на дното, ќе бидете запрепастени од големата разлика. Додека во Норвешка на секое породување присуствува специјализиран медицински персонал, во Авганистан медицинско лице е присутно само на 14% од породувањата. Просечната жена во Норвешка има 18 години формално образование и може да очекува да доживее 83-годишна возраст. Дури 82% од Норвежанките користат некаков модерен метод за контрацепција, а само една од 132 жени ќе го изгуби своето дете пред тоа да наполни 5 години.

Во Авганистан, просечната жена има 4 години образование и може да очекува да живее 44 години. Само 16% од жените таму користат модерна контрацепција. Смртната стапка кај децата е многу голема. На секои 4 деца едно умира пред да го прослави својот 5-ти роденден.

Македонија е рангирана на 42-ро место од 160 земји. Во групата на развиени земји таа е на претпоследно место, а зад неа останува само Албанија.

Од земјите во регионот, Хрватска има најдобри услови за живот на мајките и децата и е рангирана на 27-мо место, а зад неа се Бугарија (34), Србија (36) и Босна и Херцеговина (41). Албанија се најде на дното на листата на развиените земји (43), веднаш зад Македонија.

Просечната жена во кај нас живее 77 години, а има 12 години формално образование. По квалитет на живот на децата Македонија е рангирана на 40-то место.

Изненадувачки е податокот за тоа дека македонската жена скоро и не користи модерни средства за контрацепција. Само 10% од Македонките употребуваат некаков метод за контрацепција, што во споредба со 82% на Норвешка е многу малку.

Извештајот се фокусира на недостатокот од здравствени работници во земјите во развој и итната потреба од повеќе женски здравствени работници кои ќе ги спасуваат животите на мајките, новороденчињата и малите деца.

Тажни се податоците дека секоја година:

  • 50 милиони жени во земјите во развој раѓаат без помош од медицински персонал;
  • 8,8 милиони деца и новороденчиња умираат од болести кои можат лесно да се спречат или излечат;
  • 41% од случаите на смрт кај децата се случуваат кај бебињата во првиот месец од нивниот живот;
  • 343 000 жени го губат својот живот како резултат на компликации во бременоста или породувањето.

Дури 99% од сите смртни случаи кај мајките и децата се случуваат во земјите во развој.

Ако секоја жена и дете добива барем основна медицинска помош, 250 000 животи на жени и 5,5 милиони детски животи можат да бидат спасени.

Податоци кои секого ќе остават замислен...

Tags
Македонија
бебе
дете

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.