• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Мајка се облече како супер-херој на последниот ден од хемотерапијата за рак на дојка

27 ноември 2015, 12:24
  • cподели

Мајка на две ќерки облече моќен костум на последниот ден од хемотерапијата за да покаже дека вистинските супер-херои се пациентите кои водат тешка битка со ракот во болниците. Гордата Австралијка доби поддршка од своето семејство, кое постојано беше покрај неа додека се бореше со ракот на дојка, а сега позираше заедно со неа.

Даниел Јаверниг Даниел Јаверниг

Даниел Јаверниг дознала дека има рак на дојка и дека го носи наследниот ген BRCA1 во мај, откако отишла на преглед поради многу остра болка во десната града. Веднаш започнала лекување со хемотерапии, но и покрај тоа, морало да ѝ бидат отстранети двете гради. „По три месеци морав да бидам подложена на мастектомија, бидејќи хемотерапијата не ги намалуваше моите тумори. Ми отстранија 32 лимфни жлезди од раката“ – рекла Даниел.

По операцијата, докторот ја истражил нејзината семејна историја и дознал дека неколку блиски членови од нејзиното семејство за кои таа не знаела, починале од рак. Генот BRCA1 е наследен и кај жените го зголемува ризикот за рак на дојка за 80% и на јајниците за 40%.

И покрај сè, Даниел не го изгубила својот забавен дух и на последниот ден од хемотерапијата решила да се претвори во супер-херој. На инспиративната фотосесија ѝ се придружиле и нејзините најблиски, меѓу кои и 5-годишните ќерки близначки.

Даниел Јаверниг Даниел Јаверниг Даниел Јаверниг Даниел Јаверниг

„Поентата не беше да се облечам како супер-жена. Идејата беше за целото семејство“ – рекла таа и додала: „Има толку многу жени и деца кои секој ден преживуваат хемотерапии. Секој еден во тој оддел за хемотерапија е супер-херој. Колку и да сме болни, сите сме заедно во ова“.

Јаверниг вели дека посакува да откриела за генот порано, но дека нема да дозволи истото да им се случи на нејзините ќерки. Таа ги поттикнува луѓето да ја научат својата семејна историја за болести како рак на дојка или на јајници. „Знаењето е моќ. Научи ја својата семејна историја“ – вели таа.

Даниел Јаверниг Даниел Јаверниг

Иако на Даниел ѝ претстојат третмани со зрачење, таа вели дека во следните недели ќе може да издише со олеснување.

Даниел Јаверниг Даниел Јаверниг
Tags
рак на дојка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.