• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Мајка ограби банка, па отиде да ги земе децата од училиште

28 септември 2010, 11:49
  • cподели
Ерика АндерсонЕрика Андерсон

Ерика Андерсон е просечна 37-годишна мајка на две девојчиња од Орегон, која минатиот понеделник ограби локална банка!

Таа едноставно влегла во банката и му подала белешка на касиерот на која пишувало да ѝ ги даде парите, а потоа да почека 15 минути пред да се јави во полиција, затоа што ако не го направи тоа, „две деца нема да успеат да се вратат дома од училиште“.

Откако зела 1300 долари, Ерика избегала од банката. Полицајците, кои по неколку минути се појавиле во банката, биле загрижени дека таа може да избере две деца и да ги повреди.

Но, Ерика всушност мислела на нејзините две деца. Таа не сакала да задоцни да ги земе своите деца од училиште.

Полицијата во соработка со сведоци успеала да ја идентификува Ерика и таа била уапсена кратко откако ги зела децата од училиште. Детективот задолжен за случајот изјавил дека досега нема видено вакво нешто во својата кариера.

Сите понекогаш правиме некои работи, без да мислиме на последиците. Но, кој знае што се вртело во главата на 37-годишната жена за да направи нешто толку непромислено.

Tags
непромислена жена

Најнови

  • Онлајн кредит во Шпаркасе Банка

    Шпаркасе Банка воведе целосно дигитален потрошувачки кредит – средства на сметка за само 10 минути

    Mon, 03/02/2026 - 16:31
  • dm

    Мојот ден? Секој ден! Откријте повеќе од 1.800 идеи за подарок за 8 Март во dm

    Mon, 03/02/2026 - 16:23
  • Претставување на новата колекција на Breitling

    За жените што не го следат времето: Колекцијата Lady Premier од Breitling претставена пред македонската публика

    Mon, 03/02/2026 - 16:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.