• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Мајчинството е низа од подеми и падови“: Џенифер Лопез емотивна за Денот на мајката, а во црвено ги украде сите погледи

11 мај 2026, 10:07
  • cподели

Џенифер Лопез вчера го одбележа Денот на мајката со емотивна порака посветена на мајка си Гвадалупе, а потоа се појави на настанот „The Roast of Kevin Hart“ во рамките на Netflix Is A Joke Festival во Инглвуд, Калифорнија.

56-годишната пејачка и актерка заведуваше во црвен фустан со длабоко деколте и ги привлече сите погледи на црвениот тепих. Стајлингот го комплетираше со црвена Шанел чанта и високи потпетици.

Покрај атрактивното издание, Лопез сподели и многу лични емоции. На социјалните мрежи таа ѝ упати емотивна честитка на мајка ѝ, во која зборува за љубовта, силата и комплексноста на мајчинството.

Еве ја нејзината порака за Гвадалупе:

Твојата омилена боја е виолетова. Обожаваш печива и сè што е благо. Кога се смееш, целата просторија се осветлува од твојата гласна и заразна смеа. Кога танцуваш, сите запираат и гледаат. Ти си како молња. Ти си личноста што ја повикувам среде ноќ кога сум изгубена и исплашена да признаам пред некој друг и кога не можам да најдам излез.

Во изминатите 18 години научив дека мајчинството е низа од подеми и падови, моменти кога си поблиска со своето дете отколку со кој било друг човек, а понекогаш се чувствуваш толку далечно што срцето може да ти се скрши од тага.

Не ти било лесно сите тие години со три независни ќерки кои ги воспитуваше да бидат силни, паметни и свои. Но ние те сакаме, мамо. Јас те сакам, мамо. Те ценам денес и секој ден.

Среќен Ден на мајката ❤️

Лопез е мајка на близнаци, кои ги има од бракот со поранешниот сопруг Марк Антони.

Tags
Џенифер Лопез
Ден на мајката 2026

Најнови

  • „Не беше секогаш лесно, но вредеше за оваа љубов“: Миро и Ивана Кацаров пресреќни со синчето кое полни 6 месеци

    Wed, 05/13/2026 - 11:55
  • Хајди Клум шармираше во креација од Ели Сааб на црвениот тепих во Кан

    Wed, 05/13/2026 - 10:26
  • Извонредна и на 92 години! Џоан Колинс гламурозна дама на црвениот тепих во Кан

    Wed, 05/13/2026 - 09:06
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.