• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Маја Андоновска со облека со која настапи на СИ-ДО пред 32 години се врати на сцена и ја отпеа „Досадна недела“

8 мај 2026, 11:18
  • cподели

Со истите кошула и елек со кои пред 32 години настапи на сцената на СИ-ДО, Маја Андоновска-Илијевски повторно ја отпеа својата песна „Досадна недела“.

Македонската актерка со истата самодоверба од детските денови танцуваше и пееше на сцената во Центарот за култура во Битола, будејќи ги спомените кај најголемиот дел од присутните кои пораснаа со популарните детски хитови од фестивалот.

Видео

„Ќе настапам и со оригиналните Си-До алишта, поконкретно кошулата и елекот кои ги чував 32 години и сè уште ми се точни, иако сега долгиот ракав станал 3/4“ – напиша таа на Instagram пред настапот.

Оригиналната изведба

Дипломата ѝ ја врачи нејзиниот син Николај, кој исто така настапи на манифестацијата.

По повод јубилејното 30-то издание на СИ-ДО публиката имаше можност повторно да ги слушне легендарните песни кои оставија белег во детството на многумина. 

Децата кои некогаш пееја на сцената денес се возрасни луѓе, но емоцијата и магијата од песните останаа исти.

„Визба стара и гитара“, „Како ли јас да пораснам“, „Ема“, „Софи, Софија“ и многу други безвременски композиции повторно оживеаја во изведба на оригиналните изведувачи, придружувани од Оркестар DIVA.

Tags
Маја Андоновска
Маја Андоновска-Илијевски

Најнови

  • PMI

    Сите патишта викендов водат кон Штип: Спектакуларна програма и бесплатен влез за сите на Д Фестивал

    Sat, 06/27/2026 - 17:44
  • Исидора и Марио Јелиќ

    Романтика на море: Кун од 2Бона и Исидора на летен одмор

    Fri, 06/26/2026 - 22:05
  • Тајното оружје за брза фризура: Balea суви шампони во dm за само 109 денари

    Fri, 06/26/2026 - 15:34
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.