„Магично, магично“: Германецот Фин со вирално видео од атмосферата во Бигорскиот манастир на Велигден
Фин Ватчов оваа година го славеше Христовото Воскресение во Бигорски манастир „Свети Јован Крстител“.
Германецот, кој живее во Македонија и ја промовира нашата култура во светот, беше одушевен од атмосферата во манастирот и со видео пренесе како изгледаше моментот кога постепено се палеа свеќите и верниците извикуваа „Христос воскресна. Навистина воскресна“.
„Видете колку е убаво. Сите тука сме како деца на Бог, како деца на Исус Христос. Заедно сме тука да го славиме Исус Хрисос. Многу се радувам да бидам тука навистина. Слава му на Бога дека живеам во Македонија... Видете, магично, магично“ – вели Фин во видеото.
Многу верници од цела Македонија беа присутни на црковната церемонија во Бигорскиот манастир за да ја прослават победата на животот над смртта.