• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Луксуз, јахта, кршење чинии, семеен собир... Мадона го прослави 68. роденден во Грција покрај децата и 30-годишниот партнер

19 август 2026, 12:08
  • cподели

Мадона пред неколку дена го прослави 68-миот роденден на идилична локација во Грција.

Кралицата на поп-музиката цела недела го славеше својот специјален ден на грчкиот остров Крф заедно со своите деца, партнерот и блиски пријатели.

Музичката ѕвезда сподели фотографии од прославата, на кои може да се види како ужива во убавините и луксузот на Јонското Море. Гостите на локацијата пристигнале со приватни авиони, дел од времето го поминале на јахта, а имале и возбудлива авантура со хеликоптер.

„Роденден ми е! Јади, моли се, сакај, пиј, танцувај, крши чинии, храни мачки!! Му благодарам на Бог!“ – напиша таа во описот на фотографиите од прославата.

Централната прослава се одржа во традиционална таверна во селото Курамадес. За вечерата, Мадона носеше впечатлива креација од Долче и Габана, украсена со златни детали и тродимензионални цветови, која ја надополни со впечатлива розова лента на главата и бројни златни алки.

Покрај славната музичарка беа нејзините деца Лурдес, Роко, Мерси и 13-годишните близначки Стела и Естер, како и нејзиниот 30-годишен партнер Аким Морис.

Прославата вклучуваше традиционална грчка музика, танцување и кршење чинии, а роденденската торта беше украсена со мотив на „evil eye“.

Покрај Крф, пејачката го посети и регионот Метеора каде уживаше во погледот на познатите манастири сместени на карпите.

Tags
Мадона

Најнови

  • Предлог за брак на Доломити

    Планинска идила и гласно „ДА“: Стефани и Тале се свршија на Доломитите

    Wed, 08/19/2026 - 12:50
  • Луксуз, јахта, кршење чинии, семеен собир... Мадона го прослави 68. роденден во Грција покрај децата и 30-годишниот партнер

    Wed, 08/19/2026 - 12:08
  • Реклама на Халкбанк

    Прва реклама во светот што чешка

    Wed, 08/19/2026 - 10:53
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.