Лука Дончиќ ја раскина свршувачката, ќе се бори за старателство на децата кои ги нема видено со месеци
Зад кошаркарските успеси кои ги води на теренот, Лука Дончиќ води приватна битка за старателство врз ќеркичките.
За ESPN, словенечкиот кошаркар ги потврди гласините дека се раздели со вереницата Анамарија Голтес и дека со месеци ги нема видено ќеркичките.
Лука откри дека одлуката да ја прекине свршувачката не била лесна.
„Ги сакам моите ќерки повеќе од сè и направив сè што можам за тие да бидат со мене во САД за време на сезоната, но тоа не беше возможно, па неодамна донесов тешка одлука да ја прекинам веридбата. Сè што правам е за среќата на моите ќерки и секогаш ќе се борам да бидам со нив и да им обезбедам најдобар можен живот“ – изјави Дончиќ во соопштение.
Голтес поднела барање во Калифорнија за алиментација и покривање на адвокатските трошоци, што дополнително ја комплицира ситуацијата меѓу поранешниот пар, бидејќи Дончиќ воопшто не бил информиран за тоа.

Во исто време, извори блиски до кошаркарот тврдат дека тој постојано се грижел за своето семејство и ги покривал сите потреби на децата.
Лука и Анамарија беа заедно со години. Тие се познаваат уште од младоста, а врската ја започнаа во 2016 година.

Во јули 2023 година се свршија, а во декември истата година станаа родители на првата ќерка Габриела. Нивното второ дете, ќерката Оливија, се роди во декември минатата година во Словенија, кога Дончиќ пропушти натпревари за да присуствува на породувањето.

За време на посетата, тој сакал да ја одведе малата Габриела назад со него во САД, но дошло до расправија меѓу него и Анамарија, поради што таа викнала полиција. Тој мирно ја напуштил болницата, но наводно, оттогаш наваму ги нема видено ќерките.

Анамарија неодамна ги избриша сите фотографии со него, а се шпекулира дека тој сега е во врска со актерката Маделин Клајн.