• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Луѓето земаат многу нешта здраво за готово“: Кристина Еплгејт се отвори за предизвиците кои доаѓаат со мултипла склероза

8 мај 2023, 09:55
  • cподели

Кристина Еплгејт се отвори за предизвиците со кои се соочува од 2021 година наваму, по дијагнозата со мултипла склероза (МС).

51-годишната актерка сподели дека ние луѓето, па дури и таа самата во минатото, не цениме многу нешта кои ги имаме и ги земаме здраво за готово.

Кристина Еплгејт

„Со болеста мултипла склероза не постои добар ден. Имате само мали лоши денови. Луѓето ме прашуваат зошто не се туширам почесто. Па, затоа што туширањето е застрашувачко. Можеш да паднеш, можеш да се лизнеш, нозете може да ти се заплеткаат. Особено затоа што имам стаклена туш кабина. Се плашам да влезам во неа.“

„Има одредени работи кои луѓето ги земаат здраво за готово цел живот, кои и јас ги земав здраво за готово. Слегувањето по скали, носењето предмети... не можам да ги правам тие нешта повеќе. Тоа е ужасно“ – рекла таа.

Кристина Еплгејт

Мултипла склероза е болест која го засега централниот нервен систем (мозокот и ‘рбетниот мозок) и може да предизвика проблеми со контролирањето на мускулите, видот, балансот, чувствувањето и размислувањето.

„Гравитацијата може да те повлече и да повлече сè заедно со тебе“ – објаснува Кристина.

Иако многумина сметаат дека Еплгејт има мала армија луѓе кои ѝ помагаат во домот и во грижата за нејзината ќерка Седи, таа вели дека всушност дозволува само малку луѓе околу себе.

„Всушност, не сакам да бидам во друштво на многу луѓе, бидејќи мојот имунитет е компромитиран. Имам една пријателка која живее тука во текот на неделата и ми помага да се грижам за Седи. Во викендите имам дадилка. Исто така не сакам многу стимулација на нервниот систем, бидејќи може да биде премногу за мене. Сакам да биде колку што е можно потивко.“

„Истоштувачко е. Замислете колку е гласно кога сте во толпа луѓе. Околу 5.000 пати погласно е за некој кој има лезии на мозокот“ – вели таа.

Кристина Еплгејт Кристина Еплгејт

Кристина објави дека страда од МС во август 2021 година додека ја снимаше третата сезона од серијата „Dead To Me“. Пред неколку дена таа изјави дека повеќе нема да застане пред камера.

Tags
Кристина Еплгејт

Најнови

  • Низ град со Кики

    Посмела и визуелно моќна: „Низ град со Кики“ се враќа со нова сезона

    Sat, 11/22/2025 - 18:00
  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.