• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Љубовно прегрнување во 7/8

17 јануари 2023, 13:44
  • cподели

Конечно дојде и тој момент, го имаме дизајнот на новиот македонски Swatch во 7/8 такт. По инспиративниот процес на селекција на навистина огромниот број и навистина инспиративни креативни решенија за изработка на новиот локализиран часовник, жирито составено од тимот на „Божиновски часовници и накит“ заедно со Крсте Роџевски, Влатко Стефановски, Симон Трпчевски, Милчо Манчевски, Славимир Стојановиќ – Футро и Михаил Корубин, одлучи првонаградено да биде решението на Андреј Павлов насловен „Такт, ритам, време“. А, поради огромниот број на креативни решенија кои ни пристигнаа одлучивме да доделиме и дополнителни награди за тројца финалисти. Дополните награди одлучивме да ги доделиме на авторите: Марија Смилевска, Сандра Котевска и Марина Трајковска.

Кога го распишавме повикот за новиот македонски Swatch во 7/8 , потајно се надевавме на емотивно а истовремено “out of the box” решение, излегувајќи од се она што на „прва“ оваа тема разбудува во нашите мисли.

7/8 е ритам не е инструмент,

7/8 е ритам кој можеби се слуша со уво, но се доживува со други сетила, се доживува како емоција, еуфорија и страст,

7/8 не е Византија, не е среден век, не е наша историја, туку е наша иднина,

Победничкиот дизајн нè погоди во срце.

Swatch

Ако големиот маестро Трпчевски може овој македонски ритам да го фузира со Брамс, и со својот оркестар да ја потреси Европа и светот преку проектот Македонисимо,

Ако еден од најголемите гитаристи Влатко Стефановски, на својата гитара речиси визуелно му го доближа на секој Македонец и Балканец 7/8скиот ритам преку едноставна секвенца „ јен-два-три, јен-два, јен-два„

Ако Милчо Манчевски во своето ремек дело „Пред дождот“ емоциите ги исцртува со македонскиот ритам, а нашиот сограѓанин Крсте Роџевски со својот андроген глас ја возбудува селективната и деликатна публика по целиот свет никогаш незаборавајќи ја основата и коренот на македонскиот мелос и ритам, тогаш ние се чувствуваме одговорни и повикани на свој начин и во својата област да ги споиме историјата, традицијата, иновативноста и иднината, и на свој оригинален начин да го запечатиме постоењето и важноста на овој автохтон ритам , толку важен за нас македонците.

Младиот дизјнер Андреј, во наизглед едноставен дизајн, спојува многу емоции преку разиграните раце кои асоцираат на љубовно прегрнување, а самото прегрнување, секогаш предизвикува промена на срцевиот ритам кое понекогаш е проследено и со прескокнување на некое отчукување- аритмија, љубовна аритмија. Зарем тоа не е и 7/8скиот ритам?

Тимот на Божиновски неизмерно им се заблагодарува на сите учесници на повикот и за тоа што со нивната креативност направи изборот да биде навистина предизвик.

За да прочитате повеќе за победникот кликнете на линкот:

https://bit.ly/3XvOFc6

Tags
Swatch

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.