• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Летна балетска школа“ на Еуролинк: Бесплатни часови за деца од 6 до 11 години

3 јуни 2015, 14:00
  • cподели

Компанијата „Eуролинк осигурување“ денеска распиша конкурс за учество на бесплатната летна балетска школа, специјално концепирана за деца на возраст од 6 до 11 години. И оваа година, на најмладите ќе им биде овозможено летниот распуст да го поминат активно, да ги научат основите на класичниот балет, да се дружат и забавуваат.

Школата е организирана во рамките на корпоративната платформа за општествена одговорност „Еуролинк - Вашата врска со вистинските вредности“, во која избраните учесници ќе имаат можност три седмици во текот на летотo бесплатно да изучуваат класичен балет.

Летна балетска школа

Часовите по класичен балет ќе се реализираат во просториите на Македонската опера и балет (МОБ) во периодот од 17 јуни до 10 јули 2015 година. Тие се концепирани по принципите на руската балетска школа и по методиките на класичниот балет под менторство на Горан Божинов, педагог и првенец на МОБ, како и актуелен уметнички директор на оваа институција.

Целта на оваа школа е преку класичниот балет да им се помогне на децата да го развијат својот талент, но и да им се помогне за нивниот понатамошен правилен развој. Балетските вежби, кои се специјално прилагодени на возраста на децата, помагаат да им се развие чувство за координација, музикалност и за ритам, како и да им се зајакне мускулатурата и да им се подобри ориентацијата во просторот. Со вежбањето низ игра и забава на детето исто така му се всадува и чувство за одговорност и дисциплина.

„Минатогодишната балетска школа резултираше со откривање на млади и талентирани девојчиња кои ги инспириравме својот талент да продолжат да го развиваат во нижото балетско училиште. И оваа година очекуваме голем интерес и затоа се решивме да направиме две групи, почетна и напредна со по 25 учесници. Се надевам дека на овој начин ќе успееме да го промовираме класичниот балет кај најмладите кој воедно е основа и круна на сите танцувачки техники, и кој денес се чини дека е малку во сенка на новите и модерни стилови на танцување“, изјави Олга Костовска, претседател на Надзорен одбор на Еуролинк осигурување.

Родителите можат да ги пријават своите деца за учество во школата преку испраќање на фотографија од своето дете и информација за неговата тежина и висина, број на балетанки со назнака дали за првпат ќе изучуваат класичен балет или имаат претходно искуство на електронската адреса: eurolinkblog@gmail.com. Пријавувањето почнува денеска, 3 јуни (среда) и ќе трае до 10 јуни (среда).

Селекцијата на пријавените учесници ќе ја врши стручен балетски тим кој ќе избере две групи од по 25 деца според нивната возраст и степенот на претходно балетско искуство и знаење. Избраните учесници ќе имаат можност три пати неделно (понеделник, среда и петок) да ја посетуваат школата во термините од 18.00 до 19.00 прва група и од 19.00 до 20.00 втора група.

На завршната претстава на летната балетска школа сите учесници ќе добијат сертификат за учество и професионална балетска униформа.

Повеќе информации на: www.facebook.com/eurolinkmk

Најнови

  • Монтре, Женева, Гештад... Елена Најдоски од „Живот со стил“ со сопругот ужива во Швајцарија

    Sun, 01/11/2026 - 23:00
  • Зоран Кардула

    „Ерато ни отвори еден нов свет во кој нема злоба, нема лаги“: Зоран Кардула отворено за аутизмот на ќерката и специјалната елка

    Sat, 01/10/2026 - 19:15
  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.