• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Летај галебе“: Младите за Маестро Кире Костов со Камерниот оркестар од Битола на битолската сцена на 7 јуни

5 јуни 2024, 20:16
  • cподели

Настанот ќе биде одлична можност за промоција на македонското музичко наследство, низ модел адаптиран за сите генерациски структури, со цел зачувување и негување на автентичниот македонски мелос, низ интерпретација на младите изведувачи од земјава.

Во чест на богатото музичкото творештво на Маестро Кире Костов, на 7 јуни годинава ќе се одржи концертен настан во неговата родна Битола, во чии рамки 11 млади интерпретатори со битолскиот Камерен оркестар, ќе ги вратат на сцена безвременските хитови на легендарниот македонски композитор, инструменталист и диригент.

Музичкиотнастан кој ќе се одржи во НУ „Центар за култура“ Битола со почеток во 20:00 часот, е увертира на проектот од национален интерес „Летај Галебе“. На битолската сцена, неделава, заедно со Камерниот оркестар од Битола, под диригентската палка на Владимир Димовски, ќе настапат: Мина Блажев, Барбара Поповиќ, Антониа Гиговска, Сефедин Бајрамов, Кики Мукаетова, Бојан Стојков, Димитар Андоновски, Драгана Јовановска, Раде Врчаковски Врчак, Андреа Томовска и Владимир Костов, додека во улога на модератор на настанот, е актерот Петар Горко. Автентичниот вовед, пак, му е доверен на животниот другар и музички партнер на Кире во креирањето на најголемите македонски хитови, евергрини песништа... Проф. д-р Миодраг Врчаковски.

Летај Галебе

Во рамки на проектната платформа „Летај галебе“,во времетраење од јуни 2024 – април 2025, кон крајот на годинава е предвидена и пригодна промоција на книга – Омаж на ликот и делото на легендарниот композитор, а веќе следната година и гала-концерт на најеминентните изведувачи во земјава, со Моцартов состав, во Националната опера и балет.

Проектот „Летај галебе“ има за цел афирмација, но и заживување на некогашните богати музички вредности, чии високи стандарди се честа тема на дебата на актуелната културна сцена и кончие достигнување се стремат и денешните музичари, уметници и творци во рамки на модерната и класичната музичка дејност.

Проектот претставува поттик на долг рок, да се врати балансот помеѓу современите и традиционалните музички вредности. Да им се даде мотив на искусните творци да ја продолжат мисијата на маестро Костов, но и да им се даде насока на младите музички работници, во која насока треба да се развива македонската музичка творба.

Иницијатор на проектната платформа „Летај Галебе“, е сопругата на Маестро Костов, г-ѓа Кармен Костова. „Летај галебе“ е обединување на македонската музичка сцена, преку вклучување еминентни индивидуални и институционални учесници, чиј досег ги надминува границите на моножанровски опфат и овозможува едно комплетно сценско доживување.

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Петар Денковски

    Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“

    Sat, 12/13/2025 - 18:51
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.